Регион
Драма во Грција: морски струи влечеле петгодишно дете

Денеска во близина на Сивири во Грција се одвивала драма во морето, а хероина била Србинката Сашка која храбро го следела детето додека морските струи го одвлекувале, пишуваат српските медиуми.
Како што опишала на Фејсбук страната Грција инфо, додека пливала, здогледала дете (5) кое цврсто се држи за даската додека го носи водата и за само неколку секунди струите го однеле педесетина метри. .
Кога тргнала по момчето, сфатила дека струите биле многу силни, а потоа ги видела неговите брат и мајка како врескаат. Сепак се фрлила во „акција“.
– Јужниот ветер кој дува од брегот ги носи струите. Најбрзо што можев почнав да пливам кон брегот, штом стигнав до луѓето почнав да викам „помош“, настана гужва, никој не мрдна. Трчам до барот на плажа кај што бев, паника се фаќа, викаат во центарот за спортови на вода (за среќа недалеку) сопственикот скока на џет ски и ги влече сите назад. Каква драма, само што доаѓам при себе – објаснува оваа жена.
Таа напоменува дека набргу по овој настан видела како од водата донеле уште две девојчиња на брегот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.