Регион
Метеор снимен над Вараждин во Хрватска, се трага по остатоци
Астрономското друштвото „Вараждин“ на „Фејсбук“ објави дека нивниот член Ален Певец забележал метеор со голема светлина над Вараждин.
„Болид над Вараждин! Вчера, нешто пред полноќ, Алан Певец забележал болид на својата аматерска мрежа на метеори, а го снимила и Глобалната метеорска мрежа заедно со уште десетина мрежи, кои ги следат ваквите појави“, изјавија тие.
„Болидот е метеор со голема светлина, што изгледа како огнена топка. Неговиот изглед понекогаш може да биде придружен со звук. Понекогаш гори во атмосферата, а понекогаш неговите делови стигнуваат до површината на Земјата. По набљудувањето, потрагата по него продолжува. Сè уште чекаме подетаљни информации за тоа бидејќи глобалната метеорска мрежа сигурно ќе обезбеди повеќе информации“, заклучија тие.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Масовно труење во Грција: девет деца примени во болница, кај двајца пронајдена салмонела
Над 100 луѓе, меѓу кои дури девет деца, завршија во болница поради гастроинтестинални проблеми наводно поврзани со консумирање вода за пиење во различни делови на Грција.
Девет деца се хоспитализирани на Клиниката за детски болести, а еден маж завршил на Одделот за интензивна нега.
Здравствените служби се во состојба на готовност откако дознаа дека водата технички не е исправна во Стефановкио и Ризомилос откако над 100 лица се примени во болницата и Здравствениот дом во Велестин.
Според неофицијални информации, салмонела била пронајдена кај две деца.
Граѓаните се информирани за забраната за консумирање вода за пиење и тоа ќе трае, велат, најмалку 20 дена. Исто така, ќе се врши анализа и истрага на водата за да се утврди причината што ја предизвикала контаминацијата на водата.
Големо незадоволство има во две грчки села бидејќи мештаните цела минатата недела имаа гастроинтестинални проблеми, а известувањето за неисправната вода беше објавено дури во петокот кога се појавија болни деца.
„Управата за епидемиолошки надзор и интервенции за заразни болести ЕОДИ на 30.05.24 од Здравствен дом Велестино е известена за зголемен број на случаи на гастроентеритис кај жителите на Ризомилос и Стефановикиу во регионот на Магнезија“, се наведува во соопштението.
Гастроентеритис е инфекција и воспаление на слузницата на желудникот и цревата, што се манифестира со повраќање, дијареа и стомачни грчеви.
Регион
(Видео) „Мојот син Данило и моите браќа. Да живее Србија“ – Вучиќ објави снимка од кафанска прослава по победата на изборите
„Мојот син Данило и моите браќа. Да живее Србија“, пишува под видеото од прославата што претседателот на Србија, Александар Вучиќ, што го објави на својот Инстаграм профил.
Локалните избори во Србија се одржаа во недела во 89 градови и општини. Според првите проценки, листата на СНС има најмногу гласови во Белград, Ниш и Нови Сад.
View this post on Instagram
Претседателот на Србија и член на Српската напредна партија, Александар Вучиќ, по вчерашните локални избори и победата, оцени дека Србија влегува во нова ера и нагласи дека сега сите имаат јасен и отворен мандат за реформите и промените неопходни за српското општество.
Регион
СНС освои најмногу гласови во Белград, Нови Сад и Ниш на локалните избори во Србија
СНС освои најмногу гласови во Белград, Ниш и Нови Сад на локалните избори што се одржаа вчера во Србија во 89 градови и општини.
Според првичните проценки, во Белград, листата на СНС и СПС „Белград утре“ освоила 52,9 отсто, опозициската листа „Крени промени“ со 17,5 отсто од гласовите, додека на третото место според проценките е листата на опозицијата од поранешната коалиција Србија против насилството-„Го бираме Белград“ со 12,3 отсто. За нив е „Ние силата на народот“ со 9 отсто, и руската партија со 1,2 отсто.
Во Нови Сад, најмногу гласови освоила листата на СНС „Нови Сад утре“ – 53,1 отсто, потоа се „Обединети за слободен Нови Сад“ со 24 отсто, „Крени промени“ со 9,8 отсто гласови, „Херои“ со 3,8 отсто од гласовите и Сојузот на војводинските Унгарци со 1,2 отсто.
И во Ниш најмногу гласови освоила листата на СНС „Ниш утре“, но опозицијата тврди дека нема мнозинство за совет.