Спорт
Видал: Eдинствен проблем беше што имав тренер губитник

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Интер, Баерн и Барселона, Артуро Видал дебитираше за својот нов клуб Атлетико Паранаенсе во победата од 2:0 против Баија во бразилската лига.
Пред да дојде во Паранаенсе, Видал играше за Фламенго, каде тренер му беше поранешниот аргентински селектор Хорхе Сампаоли. Видал немаше убави зборови за него.
„Среќен сум што играм, секогаш сум подготвен да играм. Имав тренер кој е губитник, кој не знае да ги цени своите играчи. Но, за среќа, таа приказна заврши. Среќен сум затоа што повеќе не играм во клубот што тој го води“, рече 36. годишниот Видал.
Видал, од Интер, минатата година пристигна кај Сампаоли во Фламенго. Тој одигра 51 натпревар и постигна два гола. Не се согласуваше со тренерот, поради што се пресели на клупата за резерви. Поради ова тој го раскина договорот и како слободен играч се пресели во Атлетико.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Лудница на Турф Мур, Барнли се врати во Премиер лигата

По Лидс и Барнли, на две кола пред крајот на сезоната во Чемпионшип обезбеди пласман во Премиер лигата.
Неизвесно е само кој ќе биде шампион во Чемпионшип, бидејќи двата клуба сега имаат по 94 бода на првите две места.
Во битката за титулата во Чемпионшип, Лидс ќе го пречека Бристол Сити, а во последното коло ќе му гостува на Плимут. До крајот на сезоната Барнли има гостување кај Квинс Парк Ренџерс и дуел со Милвол на домашен терен.
PARTY TIME AT TURF MOOR AND ELLAND ROAD! 🎆
Burnley and Leeds are back in the Premier League! 🤝 pic.twitter.com/8JyKu5jHlD
— Sky Sports Football (@SkyFootball) April 21, 2025
Во 44. коло Лидс беше убедлив против Стоук (6:0), додека Барнли во директна пресметка за директен пласман го победи Шефилд јунајтед (2:1).
А по последниот свиреж на судијата настана општ хаос на „Турф Мур“. Играчите дури мораа да бидат заштитени од редарите од навивачите кои втрчаа на теренот за да го прослават враќањето на нивниот тим во Премиер лигата.
Players are having to be separated at Turf Moor as Burnley begin their promotion celebrations 😳🟣 pic.twitter.com/WOAeuSLJtN
— Sky Sports Football (@SkyFootball) April 21, 2025
Спорт
Чаби Алонсо може да замине, но само во некој од неговите поранешни клубови

Се погласни се гласините дека Чаби Алонсо е приоритет на Реал Мадрид и дека е потенцијална замена за Карло Анчелоти.
Кон крајот на минатата сезона Чаби Алонсо се поврзуваше со Ливерпул, но ниту еден момент не сакаше да се вмеша во никакви шпекулации. Имаше мисија, да ја освои титулата и со тоа да ја круниса сезоната во која Баер без пораз стана германски шампион.
Алонсо и сега не коментира ништо што не е конкретно поврзано со неговиот тим и натпреварите кои претстојат, но медиумите повторно се занимаваат со шпекулации.
Едно е сигурно дека Баер нема да му застане на патот на Алонсо доколку тој сака да го напушти клубот.
Алонсо има излезна клаузула во договорот, која ја потврди и Баер.
„Доколку се појави клуб за кој играше Чаби во кариерата, ќе седнеме и ќе разговараме. Нема да го спречиме ако сака да си замине“, изјави Фернандо Каро де Прада, извршен директор на тимот од Леверкузен.
„Чувството е дека шансите се 50:50. Нема да чекаме до крајот на сезоната. Мораме да донесеме одлука што поскоро бидејќи тоа влијае на нашите планови, на тимот и на подготовките. И ние и Чаби сме свесни за тоа. Тоа е одлука што не можеме да ја одложиме и таа мора да биде донесена релативно брзо”, изјави Каро за „Скај Спорт Германија“.
Според информациите, менаџерот на Алонсо веќе е во контакт со Реал и одлуката ќе биде позната многу брзо.
Спорт
Ѓоковиќ: Не знам кога ќе се пензионирам, дали ти знаеш?

Новак Ѓоковиќ за точно еден месец полни 38 години, многумина се прашуваат уште колку ќе игра, меѓу нив е и новинарот на шпански „АС“.
„Не знам, дали ти знаеш“, возврати со смеа најдобриот тенисер на сите времиња, додека Шпанецот инсистираше да добие одговор: „Не знам, да почекаме“.
Ѓоковиќ синоќа беше во Мадрид на доделувањето на наградата Лареус на најдобрите спортисти во светот. Тој му ја врачи наградата на брилијантниот шведски атлетичар Арман Дуплантис.
😱 ¡@DjokerNole habla sobre su retiro! pic.twitter.com/ptSzIQJ5r1
— Diario AS (@diarioas) April 21, 2025