Македонија
Спојувањето на концесиите за рудниците во Иловица е криминал, велат од Демократскиот сојуз
Демократскиот сојуз смета дека спојувањето на концесиите за рудниците во Иловица е тежок криминал и за тоа мора да се понесе одговорност.
„Владата на предлог на министерот за економија донела едногласна одлука за спојување на концесиите на рудниците во Иловица, наводно по барање на инвеститорите од 2016 година. Дилемата е дали министрите од СДСМ биле манипулирани од министрите на ДУИ или немале храброст да се спротивстават.
Како и да е, одлуката е во корист на инвеститорот, но поради отпорот на жителите од Иловица и пошироко, СДСМ ретерира и се обидува да се извлече од овој скандал и криминал.
По седум години на власт, да не се направи ништо за поништување на концесијата, тука да се развлекува и на крајот да се спојат концесиите, само ја потврдува констатацијата дека Владата е во „лимбо“ и без кормилар“, велат од партијата.
Од таму додаваат дека крајот на овој скандал ќе го платат граѓаните или со здравјето или со парите што тешко ги заработуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

