Свет
Русија се повлече од договорот за жито
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/vladimir-putin-i-volodimir-zelenski-830x0.jpg)
Договорот за извоз на украинско жито престана да важи, а Русија нема да го обнови, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Денес, црноморските договори престанаа да важат. За жал, делот од договорот поврзан со Русија сѐ уште не е спроведен. Затоа Русија се повлекува од договорот“, објасни Песков.
Тој посочи дека Москва веднаш „ќе се врати на спроведувањето на договорот“ штом ќе бидат исполнети условите на Русија.
Како што изјави за „РИА новости“ портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, Русија официјално ги известила Турција, Украина и ОН за нејзиниот приговор за продолжување на договорот за жито.
Минатата сабота Владимир Путин во разговор со јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоза изјави дека не се исполнети обврските за отстранување на пречките за извоз на руска храна и ѓубрива. Тој посочи дека главната цел на договорот за жито остана неостварена – снабдување на сиромашните земји со жито.
Црноморската иницијатива, која беше потпишана на 22 јули 2022 година од претставници на Русија, Турција, Украина и ОН, вклучуваше извоз на украинско жито, храна и ѓубрива преку Црното Море.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Свет
Харис: Бајден е нашиот кандидат, повторно ќе го победиме Трамп
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/kamala-haris.jpg)
Потпретседателката на Соединетите Американски Држави, Камала Харис, денеска ја отфрли идејата дека претседателот Џо Бајден треба да се повлече од изборната трка откако демократскиот претставник Лојд Догет од Тексас го повика да ја напушти трката по лошиот настап на минатата неделна дебата.
„Гледате, Џо Бајден е нашиот кандидат. Го победивме (републиканскиот кандидат Доналд) Трамп еднаш и ќе го победиме повторно, точка“, рече таа во интервју за „Си-би-ес њуз“.
Таа нагласи дека се гордее што е потпретседател на Џо Бајден и одби директно да одговори на прашањето дали е подготвена да ја води земјата доколку е потребно.
Европа
Финска им дозволи на САД пристап до воените бази; Русија: Ќе возвратиме
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/vojska-finska.jpg)
Русија ќе одговори на одлуката на Финска да дозволи пристап на САД до нејзините воени бази, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
На 1 јули финскиот парламент едногласно го одобри договорот за одбранбена соработка со Соединетите Американски Држави, кој беше потпишан во декември 2023 година.
Договорот наведува 15 објекти и области во Финска до кои американската војска ќе има неограничен пристап и каде што може да складира и воена опрема и муниција.
„Можам само да потврдам дека Русија нема да пропушти да одговори на трупањето сили на НАТО на нашата граница, што претставува закана за безбедноста на Руската Федерација“, изјави заменик-портпаролот на Министерството, Андреј Настасин.
„Ќе ги преземеме и сите неопходни мерки, вклучително и мерки од воено-техничка природа, со цел да возвратиме на агресивните одлуки на Финска и нејзините сојузници во НАТО“, додаде тој.
Финска стана членка на НАТО минатата година.
Европа
Членките на НАТО договорија 40 милијарди евра воена помош за Украина
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/zelenski1.jpg)
Сојузниците на НАТО се согласија да финансираат воена помош за Украина со 40 милијарди евра следната година, изјавија двајца западни дипломати за Ројтерс во средата, една недела пред самитот на алијансата во Вашингтон.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, побара од сојузниците да се согласат на повеќегодишна посветеност да продолжат да му помагаат на Киев на исто ниво како од почетокот на руската инвазија во 2022 година, во износ од речиси 40 милијарди евра годишно. Земјите членки, сепак, не го поддржаа првичното барање на Столтенберг, но договорот вклучува одредба дека придонесите на сојузниците ќе бидат разгледани на идните самити на НАТО, според дипломатот.
Сојузниците одлучија да подготват два извештаја во текот на следната година за да одредат која земја што испраќа во Украина, рече дипломатот, за да се исполнат барањата за поголема транспарентност во распределбата на товарот меѓу сојузниците.
Земјите членки „ќе имаат цел да го исполнат ова ветување преку пропорционални придонеси“, се вели во договорот. Финансиската обврска е дел од поширокиот пакет за Украина за кој лидерите на НАТО ќе се договорат на состанокот во Вашингтон од 9 до 11 јули.