Спорт
Иван Николов потпиша за Сондерјиске

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Иван Николов, кариерата ја продолжува во Данска. Тој потпиша тригодишен договор со данскиот второлигаш Сондерјиске и ќе биде дел од клубот до јуни 2026 година.
„Во Иван Николов добиваме вреден играч за врска со добро чувство за игра. Тој е редовен во младински репрезентативец на Македонија, а кога е капитен на својата селекција до 21 година, тоа кажува нешто и за неговите квалитети и фудбалски и психолошки. Го поздравуваме доаѓањето на овој талентиран играч кој ќе придонесе за посилен среден ред“, изјави спортскиот директор на Сондерјиске, Есбен Хансен.
Во Сондерјиске настапува уште еден македонски репрезентативец, Сефер Емини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Светската шампионка објави дека ја менува дисциплината

Холандската атлетичарка Фемке Бол, двократна светска шампионка во трките на 400 метри со пречки, објави дека во иднина ќе се натпреварува во дисциплината 800 метри.
Бол (25) ја опиша одлуката како „ново поглавје во нејзината кариера“, нагласувајќи дека преминот кон подолга дисциплина е „голема промена полна со неизвесност и вистински предизвик“.
Фемке Бол го освои своето второ светско злато во трките на 400 метри со пречки оваа година, со најдобар резултат во сезоната во таа дисциплина, на Светското првенство во Токио во септември.
Покрај тоа, таа освои сребро во микс штафетата 4×400 метри и бронза во женската штафета 4×400 метри.
Спорт
Белгија удри во македонскиот ѕид – Фудбалерите освоија бод во Гент

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра без голови во Гент, против Белгија, во квалификациите за пласман на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Македонските фудбалери ја исполнија целта, останаа непоразени против фаворизираната Белгија и ја задржаа лидерската позиција во Ј групата. Македонија ја продолжи успешната серија, во официјалните натпревари нема пораз на последните 13 натпревари.
Избраниците на Благоја Милевски излегоа со јасна цел да избегнат пораз и тоа им успеа и покрај тоа што противникот имаше 78 отсто од поседот на топката, но во првиот дел немаше сериозна шанса за гол. Сите напади на Белгија се одбија од македонскиот ѕд пред голот на Столе Димитиревски.
Во вториот дел кога белгија уште повеќе го засили ритамот, на сцена стапи Димитиревски, кој имаше неколку изворедни интервенции. Особено се истакна во периодот од 60-та до 65-та минута кога ги одбрани ударите на Доку и Опенда.
Македонија за три дена ќе игра на домашен терен против Казахстан.
Табела, Група Ј:
EPA/OLIVIER HOSLET
Спорт
Црвена звезда победи кај европскиот првак Фенербахче

Кошаркарите на Црвена звезда на теренот на европскиот шампион Фенербахче ја забележаа првата победа во сезоната. Црвено-белите славеа во Истанбул со 86:81, во 3. коло од Евролигата.
Звезда цело време го контролираше натпреварот, во ниту еден момент Фенербахче не поведе. На крајот имаше мала драма, но тимот од Белград успеа да ја одржи предноста во пенал завршницата. Победата на Црвена звезда добива на значај бидејќи тимот го предводеше помошниот тренер Томислав Томовиќ, откако Јанис Сверопулос доби отказ.
That’s a good way to kick things off, @kkcrvenazvezda! 🤩#MotorolaMagicMoment | @Moto pic.twitter.com/DTpb7vzqJs
— EuroLeague (@EuroLeague) October 10, 2025
Црвена звезда водеше во текот на целиот натпревар, во финишот на првиот дел имаше водство од 16 поени, со двоцифрена разлика влегоа и во последната четвртина, кога се разигра Бонзи Колсон. Тој со четири тројки го врати Фенербахче во мечот.
Кај Звезда, Чима Монеке се истакна со дабл-дабл учинок, односно 20 поени и 12 скока, по што следуваше Тајсон Картер со 15 поени, два скока и три асистенции.
Двоцифрен број на поени имаа и дебитантот во тимот, Донатас Мотиејунас со 13 поени и шест скока, Џордан Нвора со 11 поени и четири скока, и Коди Милер-МекИнтајр со 10 поени, три скока и седум асистенции.
За Фенербахче, Тален Хортон-Такер и Бонзи Колсон постигнаа по 19 поени, додека Микаел Јантунен имаше 15 поени и пет скока.
Резултати:
Олимпијакос-Дубаи 86:67
Барселона-Валенсија 108:102
Баерн-Жалгирис 70:98