Македонија
Сообраќајка кај Плетвар, сообраќајот блокиран
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-1-960x562.jpg)
Поради сообраќајна несреќа од 17.25 часот, сообраќајот на магистралниот пат А1 Градско-Прилеп, кај Плетвар, е во прекин, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Променливо облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/dozd-aerodrom.jpg)
Променливо облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи, особено во западните и источните делови. Долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер со брзина над 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена. UV=7
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 28 степени.
И во четврток ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со локален пороен дожд и услови за ретки грмежи, а од петок времето ќе биде стабилно и топло.
Скопје
Без вода дел од општината Ѓорче Петров
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/slavina-cesma-voda-2.jpg)
ЈП Водовод и Канализација информира дека денеска поради уличен дефект од ф – 400 мм на улицата 1670 во Ново Село, дел од општината Ѓорче Петров ќе остане без вода.
Прекинот на водоснабдување ќе биде во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот. Без вода ќе останат корисниците од улицата Лука Геров, како и корисниците од населбите Ново Село, Стопански Двор, Кисела Јабука, Волково, Орман и Никиштани во општина Ѓорче Петров.
Македонија
Делови од Карпош и Кисела Вода без струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/57485195_1221860194654088_908622394715799552_o.jpg)
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од општините Карпош и Кисела Вода.
− во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од објектите со парни броеви од бр.2 до бр.14, на улицата Козле во општина Карпош.
− во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од улиците Герника 2 и Герника 4, село Драчево од ТС село Драчево 8 во општина Кисела Вода.