Забава
Дилан Спроус се ожени со Барбара Палвин еден месец по објавувањето на свршувачката

Дилан Спроус е оженет човек!
За многумина, кои го гледаа како палаво момче во детски комедии, ова може да биде изненадувачка вест, но Дилан денес има 30 години и викендов се ожени со својата девојка Барбара Палвин, модел и ангел на „Викторија сикрет“.
Светските шоу-биз медиуми, цитирајќи унгарски портал, објавија дека ѕвездата на „Ривердејл“ и Барбара се венчале на тајна церемонија во родната земја на манекенката, Унгарија, изминатиот викенд.
„Борс онлајн“, локален портал, тврди дека свадбата се одржала во црква во близина на унгарската метропола Будимпешта. Порталот доби и фотографии од невестата додека влегува во капела пред церемонијата, во венчаница во стил на корсет и проѕирни ракавици. 29-годишната Палвин го дополни изгледот со дијамантски чокер и преубав раскошен вел.
Спроус (30) се одлучи за едноставен црн костум со бела кошула со јака и црна вратоврска. Тој има бели цветови прицврстени на реверот, што навидум одговара на цвеќето од букетот на Палвин.
Фотографии од интимниот настан беа споделени и на „Твитер“, на кои се гледа како младенците излегуваат рака под рака во нешто полабаво издание.
Ненадејната венчавка доаѓа само еден месец откога парот ја објави свршувачката – и покрај тоа што, всушност, се свршиле во септември 2022 година.
Во нивното интервју за магазинот V, Дилан објасни дека парот не мора да чувствува потреба да биде целосно транспарентен со јавноста за нивната свршувачка во истиот момент кога таа се случила.
Парот, кој е заедно од 2018 година, ја откри веста на „Инстаграм“ заедно со нивната свадбена тема за насловната страница на магазинот V за есен 2023 година.
„Мислам дека свршувачката ми беше поголем стрес отколку свадбата“, призна Палвин. „Мислам, мажот има време да се подготви за барањето на раката – Дилан го чувал прстенот седум месеци пред да го постави прашањето – но за мене тоа беше токму тогаш и таму“.
„Откако почнавме да излегуваме, знаев дека сакам да се омажам за него, но тоа е голема одлука“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
„2 Бона“, Елена Ристеска и Вера Јанковиќ во сабота во Паркот на Франкофонија

Во сабота, 13 септември, со почеток во 19:30 часот ќе се одржи големиот бесплатен музички хепенинг „Нешто што ќе остане“ во Паркот на Франкофонија, во организација на Општина Центар.
На концертот ќе настапат едни од најпознатите македонски изведувачи како Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ. Низ целиот концерт ќе не води урбаната дива Вера Јанковиќ.
Водителката Вера Јанковиќ истакнува дека музиката е доказ дека не сме сами, а музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“ не асоцира на најдоброто од македонската музичка сцена.
„Драги мои поклоници на македонската музичка сцена, сакам да ви најавам „Нешто што ќе остане“. Тоа ме асоцира на моментот дека музиката е доказ дека не сме сами на овој свет. Нешто што ќе остане, по трети пат, традиционално не асоцира на најдоброто од македонската забавна музичка сцена. И повторно, Парк на Франкофонија овој пат 13 Септември, 19:30 минути. Јас сум Вера Јанковиќ, вашиот водител, домаќин, а се останато што ќе ве изненади таму ќе биде фантазија во која што ќе создадеме уште една ноќ за паметење. Се гледаме, бидете таму!“, порачува Јанковиќ.
Градоначалникот Горан Герасимовски истакнува дека Општина Центар продолжува да вложува во културни настани достапни за сите граѓани.
„Со „Нешто што ќе остане“ создадаваме традиција на заеднички моменти исполнети со музика, радост и култура. Ги поканувам сите скопјани и гости на градот да ни се придружат на оваа прекрасна вечер која ќе остане запаметена“, вели Герасимовски
Забава
(Фото) Сите зборуваат за патиките на Карлос Алкараз: дали тој е новата модна икона?

Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз покажа дека модата може да оди рака под рака со врвниот тенис на теренот.
Во последното финале на Отвореното првенство на САД, Алкараз го победи Јаник Синер, но покрај неговата мајсторија на теренот, тој брзо стана тема и поради неговата облека.
На сите им го привлече вниманието со неговите виолетови патики, како и со неговата маица и шорцеви кои беа во слични нијанси, па затоа не би било изненадувачки ако младата шпанска ѕвезда наскоро стане модна икона.
Алкараз носеше светло розова маичка без ракави и виолетови шорцеви, а целиот изглед беше комплетиран со патики во истата нијанса на виолетова – персонализиран модел Nike Vapor 12, инспириран од патиките Vapor Pro 1 од 2020 година, кои често ги носеше во раните фази од својата кариера.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) По разводот, таа процвета и ја потврди новата врска

Холивудската актерка Џесика Алба одамна не ја крие својата романса со актерот Дени Рамирез, кој е 11 години помлад од неа, но до сега немаше официјална потврда.
Џесика се појави и на финалето на Отвореното првенство на САД заедно со своето ново момче.
Двојката го гледаше возбудливиот натпревар помеѓу Карлос Алкараз и Јаник Синер, во кој Шпанецот победи.
Првите претпоставки дека актерката започнала нова врска дојдоа само пет месеци откако поднесе барање за развод од Кеш Ворен.
Џесика Алба беше во брак со Кеш Ворен 17 години и заедно имаат три деца. Сепак, по разводот, ниту тој не губеше време. Неодамна беше виден со нова девојка, манекенката Хана Сан Доер, која е 21 година помлада од него.
Поранешните сопружници останаа во пријателски односи поради своите деца.
фото: принтскрин