Македонија
Беса условува: Да се укинат 20 отсто за албанскиот јазик за да гласаат за уставните измени

Политичката партија Беса ги условува уставните измени. Од партијата велат дека ќе гласаат за уставните измени, но само ако се укинат 20-те отсто, кои се однесуваат на албанскиот јазик во Уставот.
„Немаме ништо против вметнување на бугарската заедница во Уставот. Сметаме дека нашиот Устав има простор за такво нешто, каде што повеќе заедници се дел од него. Но, ќе инсистираме и цензусот 20 отсто што е за албанскиот јазик да се симне од Уставот“, рече Фадил Зендели од Беса.
Тој вели дека го разбира гневот кај Македонците за барањето да се отвора Уставот и да се вметнат Бугарите, но рече дека тоа зависи од македонските политичари. Според него, македонските политичари се тие што треба да одлучат за ова, како што го нарече, политичко прашање. Додаде дека тој како политичар од албанската опозиција ги претставува барањата на Албанците и дека никогаше не рекле дека Македонците мора да ги прифатат овие политички одлуки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд.
Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку места околу речното корито.
Ангажирана е механизација за санирање на штетата, а градоначалник на Студеничани, Азем Садики, објави дека забележана е материјална штета во дворовите од куќите кои се наоѓаат во близина на реката.
Засега, според градоначалникот, нема потреба од евакуација.
Фото: ТВ21/скриншот
Македонија
Тетово повика на јавна дебата за промена на имињата на улиците

Општина Тетово в петок, со почеток во 15:00 часот, организира јавна дебата за предлози за имиња на улиците.
„Ги повикуваме сите граѓани, здруженија, невладини организации и граѓанскиот сектор да учествуваат на оваа јавна дебата за именување на улиците“, велат од општината преку допис.
Додаваат дека секој предлог од граѓаните е важен и помага овој процес да биде инклузивен и успешен за граѓаните и градот Тетово.
Македонија
Тошковски: Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто

Припадниците на МВР денеска примија плата зголемена за 10 отсто, информира министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Изминативе години сосема оправдано имаше критики дека платите во МВР се ниски, а очекувањата и одговорностите големи. Често се укажуваше на разлики во однос на некои сродни служби, а чувството на потценетост беше реално и оправдано. Ова зголемување не е доволно, но е еден од многуте чекори што ќе следат во насока на враќање на достоинството и угледот на полицаецот. Целта е јасна – да изградиме модерна, професионална и силна полиција која ќе биде вистински сервис на граѓаните. Продолжуваме понатаму кон обезбедување на подобри услови, поголема поддршка и вистинско вреднување на трудот што секојдневно се вложува“, напиша Тошковски во објавата на социјалните мрежи.