Македонија
Милошоски: Бугарија не нуди никаква гаранција дека нема да нѐ блокира со нови ирационални барања

Владеачкото мнозинство е сосема свесно дека немаат две третини за да го испорачаат тоа што сами без национален консенуз лековерно го прифатиле како обврска за наметнати уставни измени по барање од Бугарија. Ова го посочи пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, по средбата во Собранието со министрите за европски прашања од Полска, Германија и од Франција.
„Од ВМРО-ДПМНЕ беше кажано ‘да’ за Европската Унија, но ‘не’ за уцени од страна на Бугарија, кои не нудат никаква извесност дека процесот на евроинтеграциите нема повторно и повторно да биде блокиран поради ирационални прашања, кои Бугарија очигледно сѐ уште ги има кон Македонија“, посочи Милошоски.
Тој посочи и дека Германија не барала изговори да ја блокира Полска втор, трет или петти пат и да ѝ постави вето, туку барала причини како земјата побргу да стане член на ЕУ.
„Разликата во регионот е што земјите членки на ЕУ во регионот, во случајот Бугарија и Грција, кон некоја од земјите во регионот бараат начин и изговори како одредени недоразбирања да станат пречка или изговор за вето и за блокирање на процесот на евроинтеграциите“, додаде Милошоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Андоновски: Бесплатни WI-FI зони за граѓаните во повеќе од 60 општини низ Македонија

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денес во посета на Ѓорче Петров, заедно со градоначалникот на општината, Александар Стојковски го најави проектот за нови бесплатни WI-FI зони низ државата, со што се става акцент на граѓаните, со тоа што ќе можат да користат бесплатен интернет во овие зони, а првата ваква зона ќе биде токму паркот во Ѓорче Петров.
„Поставуваме бесплатни WI-FI зони за граѓаните, Ѓорче Петров е една од првите општини каде што ова ќе се реализира, со проект поддршка од ЕУ, преку планот за Западен Балкан, односно WI-FI за Западен Балкан. Освен во Ѓорче Петров, имаме апликации во повеќе од 60 општини низ државата“, најави Андоновски.
Овој проект кој е во соработка со ЕУ во интерес на државите од Западен Балкан, како што беше појаснето е од големо значење и поддршка на сите држави кои партиципираат, затоа што ќе се зголеми пристапноста до интернет и ке се подигне дигиталната писменост.
Андоновски најави исто така дека во Скопје ќе има десетина вакви зони, кои како што рече тој, младите ќе бидат најголеми корисници на овој проект.
„Во Скопје ќе имаме повеќе од 10 локации каде што ќе бидат поставени овие WI-FI зони, каде граѓаните, особено младите ќе имаат пристап до бесплатен интернет овозможен од овој проект во соработка со ЕУ”, рече Андоновски.
Градоначалникот Стојковски изрази задоволство од досегашната соработка со Министерството за дигитална трансформација и најави целосно дигитализирање на општинските услуги, бидејќи како што рече дигитализацијата нуди подобри и поефикасни услуги за граѓаните.
Македонија
Злоупотребен профилот на основно училиште во општина Аеродром за политичка кампања, МОН и ДИК да реагираат, бара СДСМ

СДСМ Аеродром реагира на, како што велат, скандалозниот чин во кој основното училиште „Браќа Миладиновци” споделило видео-спот од политичка кампања за локалните избори.
„Ова претставува директно прекршување на законите, принципите на непристрасност и професионалност, и претставува срамно партизирање на јавните институции.
Училиштата се место за образование, воспитување и градење на вредности, а не алатка за партиска промоција.
Злоупотребата на училишните профили и, уште полошо, можната злоупотреба на деца во политичка кампања е крајно недозволива и опасна“.
Бараат итна реакција од Министерството за образование и наука и од Државната изборна комисија.
СДСМ Аеродром, нагласуваат од оваа партија, ќе поднесе соодветна пријава до надлежните институции за да се утврди одговорноста и да се санкционира овој обид за партизирање на образовниот систем.
„Јавните институции се на граѓаните, не на партиите. Ќе се спротивставиме на секој обид децата и училиштата да се користат како средство за политичка пропаганда“.
Македонија
Меџити до Османи: Биди маж и избери време и место за телевизиска дебата и земи ги со себе Груевски и Мијалков

Кандидатот на владејачката коалиција „Вреди“ за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, му одговори на неговиот противкандидат од редовите на НАИ, Бујар Османи, по изјавата дека на дебата, Меџити треба да го земе со себе премиерот Христијан Мицкоски.
Меџити возврати: „Денес слушнав нешто ново, дека сум рекол да дојде на дебата со Али, со Артан и со неговите ПР агенции, за да ги соочиме аргументите, политиките и визиите за Чаир. Тој, пак, ми одговорил дека треба да го земам со себе Мицкоски. Јас Мицкоски ќе го земам како премиер, но тогаш добро би било тој, покрај Али и Артан, со себе да ги земе и Никола Груевски и Сашо Мијалков, и тука да ја затвориме оваа дебата. Нека биде маж и нека закаже термин, нека избере национална телевизија, и од денес му порачувам дека таму ќе ме најде“.