Регион
Коста, кој уби девет соученици, првпат кажа дека се кае за сѐ што сторил
По сведочењето на момчето убиец Коста К., кое изврши масакр во српското училиште, адвокатката Ирина Боровиќ, која го застапува неговиот татко В. К., за медиумите откри дека момчето било детаљно испрашувано зошто го извршило масакрот, а како што тврди таа, изразило и каење.
„Денеска беше сослушан малолетник, детаљно сослушан за сите околности кои може да бидат важни за откривање на причините поради кои сето ова го направил. Она што можам да го кажам е дека тој го потврди она што го кажа таткото – дека оружјето било целосно обезбедено. Исто така, тој тврди дека татко му не му го овозможил првиот контакт со оружје. Изрази каење за сѐ што направи“, изјави адвокатката Ирина Боровиќ.
Сослушувањето на Коста траеше речиси четири часа во рамките на постапката што се води против татко му, кој се товари за тешко кривично дело против општата безбедност.
Се сомнева дека не го чувал оружјето според прописите, а со кое момчето убиец уби девет врсници и училиштен чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“.
Исто така, тој е осомничен дека го научил својот син да ракува со оружје, како и дека го однел на стрелиште.
Момчето убиец беше испрашуван преку видеоконференциска врска воспоставена меѓу здравствената установа во која е набљудуван и Вишото јавно обвинителство во Белград.
На сведочењето присуствуваа в.д. обвинител, адвокатот на таткото, адвокати на оштетените, како и неколку родители на убиените деца.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Невремето во Србија направи хаос: се излеа Дунав, ветерот корне дрвја
Реката Дунав денеска се излеа во Бачка Паланка, во природниот парк „Тиквара“, додека на северот од Србија е забележан значителен пад на температурата и се предвидува невреме пропратено со врнежи и грмежи.
Имено, како што може да се види на видеата на социјалните мрежи, водата достигна такво ниво што од водата штрчат само чадори и улични светилки.
Како што соопшти денеска Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија (РХМЗ), облачност со врнежи од дожд, пад на температурата и умерен и засилен северозападен ветер најпрвин ја зафати Бачка Паланка, но потоа ќе се прошири и во остатокот од Војводина.
Студениот бран преку северот на земјата пристигна во Србија, каде во некои градови температурата беше околу 15 степени.
На граѓаните им се препорачува да ги преземат сите мерки за заштита на имотот, но и себеси поради предвиденото невреме.
Значителна промена на времето утре ќе има и во Македонија, најави Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утре под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север ќе настапи позначителна промена на времето. Од утринските часови најпрвин во северните делови, ќе има повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Ќе дува силен ветер (наместа над 70км/ч.) кој ќе продолжи и во понеделник.
ИЗВОР: УХМР
Дневната температура значително ќе се намали (утре за 6 до 8, а во понеделник уште за дополнителни 4 до 6 степени). Потоа во следните два дена времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Во Скопје, утре ќе има повремени врнежи од дожд, локално со појава на ретки грмежи и силен ветер.
Од четврток се очекуваат нови врнежи од дожд.
Регион
Силен земјотрес во Грција
Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужна Грција, објави ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на 44 километри од Пиргос, на длабочина од 20 километри.
Во близина е островот Закинтос.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
#Earthquake (#σεισμός) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.6 || 41 km S of #Pýrgos (#Greece) || 3 min ago (local time 15:18:15). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/7n5aGlNhsu
— EMSC (@LastQuake) September 28, 2024
Регион
(Видео) Невреме во Словенија: по обилните дождови се излеа река, поплавени патишта, подруми и ниви
Реката Соча и нејзините притоки на запад од Словенија се излеаjа по обилните дождови во областа Бовец и поплавија патишта, подруми и ниви, јавија денеска словенечките медиуми.
Противпожарните служби евакуирале 30 лица откако одрон го блокирал патот во градот Лепена, јавува агенцијата СТА.
Едно лице е повредено при отстранување на паднато дрво во општина Толмин.
Дирекцијата за цивилна заштита и помош при катастрофи соопшти дека пожарникарите цела ноќ ја испумпувале водата од подрумите и ги отстранувале паднатите дрвја од коловозите.
Во западните делови на земјата врнежите се ослабени од четвртокот навечер, а невремето денеска го зафати и источниот дел на Словенија.
Најголемо количество врнежи се регистрирани во Бохињ и Посочје, објави порталот Метеоинфо.
Рекордни врнежи за Словенија се забележани во Вогел кај езерото Бохињ, при што за 24 часа наврнале 378 литри дожд на метар квадратен.