Црна хроника
Двајца уапсени во Тетово, пронајден хероин и марихуана
Полициски службеници на СВР Тетово, ноќеска, половина час по полноќ, во близина на спортската сала во Тетово, ја лишиле од слобода 31-годишната А. Н. од Пробиштип затоа што кај неа бил пронајден и одземен хероин.
„Во 3.10 часот, пак, на улицата Маршал Тито во Тетово, го лишиле од слобода 20-годишниот С. Г. од Скопско затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка“, соопшти СВР Тетово.
Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Измамен скопјанец за сума од над 18 илјади денари
Во СВР Скопје вчера во 14.30 часот А.Ј.(41) од Скопје пријавил дека на 17.11.2024 на подрачјето на Гази Баба бил измамен од едно лице за сума од 18.500 денари.
Според пријавеното, лицето му се јавило телефонски и се претставило дека работи во Центарот за социјални работи и дека доколку пријавителот сакал да ги земе своите пари, кои не му биле подигнати од центарот, наредниот ден на 18.11.2024 требало да даде 18.500 денари за услугата.
Откако пријавителот ги предал парите на претходно договореното место на едно женско лице, по кратко време сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.
Црна хроника
Maлолетник нападнат од неколку лица о Карпош
Малолетник бил нападнат пред два дена од страна на неколку лица на подрачјето на Карпош.
Случајот во полицијата го пријавил едниот од родителите на момчето, а од МВР велат дека се преземаат мерки за негово расчистување.
Црна хроника
За биткоини измамена 59-годишна кумановка: оштетена за над 88 илјади денари
Во СВР Куманово вчера во 11.40 часот 59 – годишна жена пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 88.338 денари.
Според пријавеното, лицето и се претставило дека е од „агенција за биткоини“ и ѝ кажало дека на нејзината сметка има биткоини во вредност од 900.000 денари и побарало од неа да му го даде бројот од нејзината трансакциска сметка за да ѝ ги префрли парите.
Како што е пријавено, за да може да и ги префли парите требало да има одредена сума пари на сметката, а откако пријавителката подигнала брз кредит, парите и биле повлечени од сметката, но не добила надомест за биткоините.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.