Црна хроника
Седумнаесетгодишник со мотор удрил во малолетно девојче: двајцата пренесени во болница

Две лица повредени во сообраќајна несреќа во Скопје. Според информациите, несреќата се случила синоќа на крстосницата од улицата Маџари со улицата Палмиро Тољати кога мотор удрил во малолетничка од Скопје.
„На 18.7.2023, во 22.40 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Маџари со улицата Палмиро Тољати во Скопје, мопед ‘априлија’, со скопски регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од Скопје, удрил во малолетничка од Скопје. Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот на мопедот, а телесни повреди добила малолетничка констатирани во Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’ и комплексот клиники ‘Мајка Тереза’“ соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
На тераса во Кочани украден паричник од 90-годишен маж

90-годишник од Кочани синоќа пријавил кражба што се случила околу 21:30 часот на терасата од неговата семејна куќа.
Според пријавата во ОВР Кочани, едно лице му го одзело паричникот во кој имало пари и лични документи.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Норвежанец приведен на аеродромот во Скопје, се однесувал агресивно

44-годишен државјанин на Норвешка бил приведен ноќеска на Меѓународниот аеродром Скопје, откако за време на летот од Осло до Скопје го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при обид полициските службеници да разговараат со него, мажот продолжил да се однесува агресивно и кон нив, попречувајќи го извршувањето на службените дејствија.
Лицето било приведено, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.
Црна хроника
46-годишна жена физички нападната од својот партнер

Четириесет и шестгодишна жена од Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната од својот партнер во домот каде што престојува, на подрачјето на општина Кисела Вода.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 6 јуни околу 22:00 часот, а пријавата била поднесена во СВР Скопје на 7 јуни, околу 02:30 часот. Осомничениот С.А. (50) оштетил и дел од покуќнината.
Од МВР информираат дека се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветна пријава против сторителот.