Македонија
(Видео) Уставни измени нема да има, дополнително – текстот не само што не е прифатлив туку е и тотално неразумен, вели Мицкоски
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што уставните измени влегоа во собраниска процедура и кои се следните чекори на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, истакна дека на координација ВМРО-ДПМНЕ ќе ги дефинира следните чекори, но потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат јасен став, кој е непроменет, дека под овие услови и диктати уставни измени нема да има. Тој ја обвини Владата дека дополнително го усложнува процесот со тоа што дефинира текст за уставните измени, кој не е содржан во заклучоците од Советот на Европа, во преговарачката рамка и протоколот.
„Ќе имаме координација како ВМРО-ДПМНЕ и на таа координација ќе го договориме нашиот став. Но, она што е важно е дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаат јасен став, кој е поврзан со овие уставни измени, уставни измени вакви какви што се под бугарски диктати на начин на кој се доставуваат во парламентот не само што не се прифатливи туку Владата дополнително го усложнува процесот со тоа што дефинира текст за уставните измени, кој не само што не е прифатлив туку можам да кажам дека е тотално неразумен, тотално неразумен и ваков каков што е дополнително ги загрозува позициите на Македонија во рамките на напредокот кон полноправно членството во ЕУ. И баш би сакал сега да го слушнам оправдувањето од Владата во кој дел од заклучоците од Советот на Европа, во кој дел на преговарачката рамка и во кој дел на протоколот овој текст на овие уставни измени е содржан“, нагласи Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ароганцијата на некои во „Вреди“ станува одвратна, Чаир беше лекција, а секоја лекција се прифаќа со достоинство, вели Османи
Чаир беше лекција, а секоја лекција се прифаќа со достоинство, напиша на социјалните мрежи Бујар Османи.
„Ја презедов мојата одговорност и му честитав на победникот, бидејќи дури и во овие околности сакам да оставам зад себе наследство на политичка култура, како што правев во текот на целата кампања.
Но, ароганцијата на некои во „Вреди“ станува одвратна.
Не прифаќам дека поради оваа причина резултатот на ДУИ и коалицијата треба да биде погазен.
Со 114 илјади гласови, НАИ останува најголемата сила и легитимен претставник на Албанците.
Али Ахмети е и останува неоспорен идеолог и лидер на Албанците“.
Навредите кон него, како што додава Османи, не се знак на политичка сила, туку знак на морална слабост.
„Овие ниски напади имаат една цел, да донесат деморализација пред вториот круг,
но ќе се случи спротивното: единство и решеност.
Албанците дадоа масовна поддршка во првиот круг, а во вториот круг мора да потврдиме кој навистина ја држи нивната политичка волја.
НАИ останува гласот на Албанците, додека Али Ахмети, нивниот морален и идеолошки столб.
Ги поканувам сите Албанци во вториот круг да го потврдат ова достоинствено и масовно“.
Македонија
Герасимовски: Спроведуваме вонредна есенска дератизација на целата територија на Општина Центар
Службите на Општина Центар заедно со Институтот за јавно здравје Скопје, веќе 5 дена спроведуваат вонредна есенска дератизација, со која се опфатени 1.980 шахти, соопштија од Општина Центар.
Дератизацијата, како што е наведено во соопштението, се спроведува со цел уништување штетни глодари и превенција од заразни болести, како дел од мерките што општината ги презема за заштита на населението.
„Спроведуваме вонредна дератизација со цел да ги спречиме сите можностите од појава на зараза. Во услови на хаос во градот во однос на јавната хигиена, оваа акција е важен чекор за сузбивање на потенцијални извори на болести“ рече Герасимовски.
Општина Центар информира дека препаратот е специјално дизајниран за контрола на популацијата на глодари и е сертифициран од овластен производител, обезбедувајќи безбедност за другите животински видови.
Македонија
Утре променливо облачно со сончеви периоди, во наредните денови со повремени локални врнежи од дожд
Времето утре, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.
Во петок и понеделник врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи, а во понеделник наместа и пообилни. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец кој ќе надминува брзина од 70 km/h.

