Спорт
(ВИДЕО) Арсенал ја наполни мрежата на селекцијата на МЛС лигата, Каи Хаверц со прв гол

Арсенал со победа дебитираше на американската турнеја, со убедливи 5:0 го совлада тимот на МЛС лигата. Новиот напаѓач Каи Хаверц го постигна првиот гол во дресот на „топчиите“.
Натпреварот се одигра во Вашингтон, а ова е најубедливата победа на странска екипа против селекцијата на американската МЛС лига. Мечот е традиционален, се игра речиси три децении, ривалите се менуваат, но ол-стар селекцијата на МЛС лигата никогаш не загубила со толку убедлив резултат.
Американците, на чија клупа беше Вејн Руни, во текот на целиот дуел беа во подредена позиција.
Габриел Жесус по пет минути игра донесе водство за Арсенал, до полувремето Тросар го удвои водството.
Жоргињо од пенал зголеми на 3:0, а потоа во последните пет минути Мартинели и Хаверц го поставија конечниот резултат.
Kai Havertz scores his first goal for Arsenal 😤
(via @MLS)pic.twitter.com/GLq1Hy98es
— ESPN FC (@ESPNFC) July 20, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Хаос во Нови Сад, се тепаа две групи навивачи на Војводина

Тежок инцидент се случи во Нови Сад, на стадионот „Караѓорѓе“, по завршувањето на натпреварот Војводина-Спартак (1:3).
Веднаш по завршувањето на натпреварот се случи жестока тепачка меѓу две франкции на навивачите на Војводина.
Во пресметката на навивачките франкции, летаа столици и пиротехнички сретства, поради што мораа да интервенираат редарите и полицајците.
Според српските медиуми едно момче завршило на Одделението за реанимација во болницата во Нови Сад.
Веднаш по натпреварот тренерот на Војводина, Ненад Лалатовиќ поднесе оставка на функцијата.
Спорт
Роналдо соочен со камшикување во Иран, Ал Наср реши да не игра на мечот со Естеглал

Кристијано Роналдо нема да биде дел од тимот на Ал Наср за претстојниот натпревар против ирански Естеглал во Лигата на шампионите на АФЦ. Бизарна е причината за неговото отсуство.
Клубот реши најголемата ѕвезда да остане дома поради инцидент што се случи за време на неговиот претходен престој во Иран.
Роналдо нема да патува за Техеран поради можноста да се соочи со казна од 99 удари со камшик, според исламските закони.
Оваа казна му се заканува на Роналдо поради инцидент кој предизвика внимание пред две години.
За време на претходниот престој во Иран, Роналдо беше виден како се гушка и се бакнува со хендикепирана уметница Фатема Хамани Насрабанди, која слика со своите стапала.
Нивната средба се случила пред натпреварот со Персеполис во 2023 година, кога таа го посетила фудбалскиот тим во хотелот во кој престојувале Роналдо и соиграчите.
Според исламскиот закон, секој физички контакт со жена која не е легална сопруга се смета за прекршок, а казната за таков прекршок е 99 удари со камшик во јавност.
Ал Наср, очигледно, не сакаше да ја доведе својата суперѕвезда во неволја, поради што тој ќе остане во Саудиска Арабија.
Натпреварот меѓу Ал Наср и Естеглал ќе се игра во понеделник попладне.
Спорт
(Видео) Денвер доцна се разбуди во Бостон, Јокиќ на асистенција до трипл-дабл

Кошаркарите на Бостон Селтикс, во неделниот матине термин во САД, славеа победа во дуелот со Денвер Нагетс 110:103.
Селтикс во „Ти Ди гарден“, водеа во речиси целиот тек, неколку пати имаа предност и од 20 поени. Денвер трепеливо ја топеа разликата, во еден момент се доближија на три поени, но не успеаја да направат целосен пресврт. Клуни за конечниот исход беше периодот од 39. до 41.минута кога при водство на Бостон од пет поени, Денвер не реализира четири последовни напади.
Џејлен Браун беше најефикасен кај Бостон со 22 поени, Ал Хорфорд постигна 19, Дерик Вајт 17 и Џејсон Тејтум 16.
Најефикасен во редовите на Денвер беше Џамал Мареј со 26 поени (22 поестигна во второто полувреме), Кристијан Браун уфрли 24, а Никола Јокиќ за малку не забележа трипл-дабл, забележа 20 поени, 14 скока и девет асистенции.