Црна хроника
Возач нападнал работник на „Комунална“, додека тој чистел улица во Шуто Оризари

Возач нападнал работник на „Комунална“, додека тој чистел улица во Шуто Оризари.
На 19.07.2023 во 20.30 часот во СВР Скопје, Ј.М.(48) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Шуто Оризари, додека извршувал работни задачи во ЈП Комунална Хигиена, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Претрес во Радовиш, пронајдена марихуана, лишено од слобода едно лице

Вчера во 17:45 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода 34-годишниот Н.Б. од Радовиш.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена е марихуана.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Три лица прегазени во Скопје, едно во Струмица

Вчера во 10:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„60“ во с.Волково, скопско, патничко возило „фолксваген фокс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(73) од Скопје, удрило во пешакот Ц.С.(55) од с.Волково.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Истиот ден во 15:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Србија“ во Скопје мотоцикл „јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.М.(26) од населба Илинден, скопско, удрил во 76-годишната Н.К. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.К., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Во СВР Скопје на 29.09.2025 во 09:30 часот било пријавено дека на ул.„Мајка Тереза“ во Скопје, патничко возило „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 49-годишната М.П. удрило во малолетен пешак, двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
82-годишна жена била тешко повредена по удар од патничко возило во Струмица.
Имено синоќа во 20:30 часот во СВР Струмица е пријавено дека на крстосницата од ул.„Младинска“ и ул.„Панче Пешев“ во Струмица, патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од П.Т.(66) од Струмица, удрило во пешакот К.Б.(82) од Струмица.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Струмица.
Црна хроника
17-годишник од Скопје сакaл да си го убие татка си

СВР Скопје поднесе кривична пријава против 17-годишник од Скопје.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „убиство“ во обид.
Имено на 06.09.2025 во семејниот дом, пријавениот со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на неговиот 51-годишен татко, соопшти полицијата.