Црна хроника
Починат маж пронајден во Скопје: го барале од Дом за стари лица

Починат маж бил пронајден вчера на улица „Призренска“ во Скопје. А.М. (76) претходно бил пријавен дека се оддалечил од Дом за стари лица во Скопје.
„На 19.07.2023 вo СВР Скопје било пријавено дека во 16.15 часот на ул. „Призренска“ во Скопје бил пронајден починат А.М.(76) од Скопје, кој претходно бил пријавен дека се оддалечил од Дом за стари лица во Скопје.
Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција“ соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Во сообраќајката кај Момин Поток загинаа полковникот Стефан Ивановски и Ана Нешовска од Министерството за одбрана

Поранешниот припадник на „Волците“, полковникот Стефан Ивановски и Ана Нешовска раководителка на военото разузнавање, вработена во Министерството за одбрана се лицата кои загинаа во сообраќајката кај Момин Поток, во близина на касарната „Илинден“.
Информацијата ја сподели поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска на социјалните мрежи.
„Стефан Ивановски, го запознав како скромен, но исклучително способен офицер, посветен командант на армиските Волци, кој живееше за државата, Армијата и неговото семејство. Го гледав како еден од идните столбови на Генералштабот. Ана Нешовска, работлива, кротка, но полна со енергија и желба да го промени светот, за неа не постоеше ништо невозможно…Ја гледав како првата жена раководител на военото разузнавање“, напиша Петровска.
Вели дека несреќното заминување ги скршило сите, а Министерството и Армијата изгубија многу. Нема зборови на утеха, има само зборови за сочувство во оваа огромна тага. Почивајте во мир, напиша Петровска.
Топ
Демолирана и ограбена обложувалница во Чаир, одземени сеф и осум кеш бокса, МВР трага по сторителот

Грабеж се случил ноќта кон саботата во обложувалница во скопски Чаир во периодот од 00.18 до 04.40 часот, според информацијата на полицијата.
Од МВР за штетата велат дека едно лице со употреба на сила и погоден алат одзело осум кеш бокса, ги оштетило сите апарати, и одзело сеф кој бил под работниот пулт.
Извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се додава во информацијата на полицијата.
Црна хроника
Малолетно момче нападнато од тројца врсници во Центар, едниот снимал со телефон

Малолетно момче синоќа било нападнато во центарот на Скопје.
Зад нападот, според пријавата во МВР, стојат три деца, од кои едното снимало со телефон.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Насилство врз момче од група деца имало синоќа и во скопската населба Чаир.