Црна хроника
Приведен сторител на разбојничка кражба, фатен на дело

Вчера, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода 32-годишниот Ф. М. од Скопје. Тој бил затекнат при извршување разбојничка кражба на подрачјето на Кисела Вода, при што одзел велосипед, извести МВР.
„Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а Ф. М. бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, Одделението за криминалистички работи при ЕВР Кисела Вода ќе поднесе соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Заталкан куршум оштетил ветробранско стакло на паркирано возило

Синоќа во 21.25 часот во СВР Скопје, С.С.(45) од с.Глумово, скопско, пријавил дека во дворот на семејната куќа во с.Глумово паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило ветробранското стакло на неговото паркирано возило „фолксваген пасат“.
Полицијата соопшти дека се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Неколкумина повредени во сообраќајка во Струмичко

Во Полициската станица Струмица вчера во 05.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат 1402, на крстосница за селата Банско, Габрово и Муртино, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.М.(33) од Струмица и патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.Н.(32) од село Колешино, струмичко.
Во несреќата со тешки телесни пореди се здобила сопатничката во патничко возило „фолксваген туран“, Е.А.(53) од Струмица, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатниците во возилото „фолксваген“ , С.М.(32) од Струмица, С.Н.(49) од село Банско, струмичко, А.А.(52) од Радовиш, А.А.(28) од Струмица и 17 -годишник од Струмица, констатирани во Медицински центар Струмица.
Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.
Црна хроника
Загина 38-годишен маж: со мотоциклот излетал од патот

Вчера околу 18.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Копаница-с.Бојане, скопско, мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од С.С.(38) од с.Буковиќ, скопско, излетал надвор од патот.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.Ј.(41) од с.Копаница, скопско, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.