Македонија
Спасовски во посета на граничниот премин Меџитлија: На јужната граница зголемен прометот на патници за 30 отсто

Во текот на вчерашната работна посета на Битола во рамките на проектот на МВР „Отворен кабинет”, во кој министерот Спасовски во СВР Битола реализира средби со граѓани, тој го посети и граничниот премин Меџитлија, каде што оствари работна средба со раководството на Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Меџитлија и на Регионалниот центар за гранични работи „Југ“, со цел запознавање со состојбите на овој граничен премин и на Регионалниот центар, генерално, имајќи ги предвид евидентираните податоци од полициските станици за надзор на државната граница, полициските станици за гранични проверки, како и одделенијата и отсеците, кои се во состав на РЦ за ГР „Југ“.
Во однос на прометот на патници на јужната граница, тој е зголемен во споредба со истиот период од 2022 година, и тоа за 32 %. На ПС за ГП и ГН Меџитлија поминале 669.371 патник, што во споредба со истиот период од 2022 година претставува зголемување од 60 %.
Од страна на раководството на РЦ за ГР „Југ“, министерот Спасовски беше информиран за состојбата на границите во текот на првото полугодие од 2023, при што откриени се 60 кривични дела и 896 прекршоци по разни основи.
Во делот на илегалната миграција, РЦ за ГР „Југ“ има откриено 4.626 илегални мигранти во ова полугодие, при што забележана е тенденција на намалување на обидите за 40 % за разлика од истиот период лани.
Во делот шверц на мигранти откриени се 27 случаи во обид да се прошверцуваат 243 илегални мигранти, при што се поднесени 20 кривични пријави против 28 сторители.
Во првото полугодие во 2023 година откриени се и 13 фалсификувани документи и услуга со туѓа патна исправа.
Исто така, преземени се мерки и активности за спречување бесправна сеча и транспорт на дрвна маса, при што откриени се 20 случаи за бесправна сеча и транспорт на дрвна маса, а по оперативна акција за спречување недозволена трговија со дрога, само на јужната граница пронајдени се и одземени 5 кг марихуана.
Спасовски доби уверување дека вработените ќе продолжат интензивно да постапуваат по активностите на Министерството и оперативните акции на БЈБ претендирајќи кон уште подобри резултати во насока на унапредување на безбедноста на сите граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Петрушевски: Венко Филипче ти имаш фирми во Бугарија, на адреса со Заев каде се свртеа 9 милиони од јагленот од РЕК

„Вечерва Венко Филипче, пред 30-тина луѓе во мала сала во Кисела Вода, потрошил голем дел од својот говор за да ме навредува. Редно е да одговорам“, напиша на социјалните мрежи Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко, најмалку ти имаш право кој било да го обвинуваш за „лажење“ и „бугаризација“. Јас немам бугарски пасош, немам фирми во Бугарија и немам тајни зделки зад грбот на народот. Ајде еднаш биди искрен и признај дека токму ти си синоним за милионски шеми со фирми во Петрич, заедно со браќата!
Не мора на мене, туку на јавноста дај и одговори: Каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола? Зошто на иста адреса во Петрич се појавуваат фирми на твоето семејство и на Вице Заев? Дали тие пари завршуваа во ваши фотоволтаични централи, додека народот го оставивте да плаќа скапа струја? Дали преку бугарски фирми финансирате бизниси по светот, додека Македонија ја потонавте во сиромаштија?
Ова се вистинските прашања, Венко.
Не лажи дека јас или Христијан Мицкоски имаме такви врски. Ние немаме ниту бугарски пасоши, ниту скриени фирми. Ние имаме чесна и чиста биографија.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се јасно определени за Македонија во ЕУ, но како достоинствена држава, без понижувања и без тргување со националните интереси.
Доста е од лицемерието Венко! На народот му е јасно дека додека си трупавте милиони преку Бугарија, граѓаните останаа со празни џебови“, вели Петрушевски.
Македонија
Забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Од 19:45 часот на магистралниот пат Маврово – Дебар воведена е забрана за тешки товарни возила поради задржување на снег на коловоз, извести АМСМ.
Од 19.55 часот воведена е забрана за тешки товарни возила и за патниот правец Гостивар – Стража, додаваат од АМСМ.
Македонија
Посебен сообраќаен режим утре во Скопје

Од утре петок до сабота, во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Србија, Ѓуро Мацут.
Од тие причини Едницата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај на подрачјето на град Скопје.
МВР апелира до граѓаните да се почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници.