Спорт
(ВИДЕО) Магија на Меси од слободен удар за триумф на Интер Мајами
Лионел Меси во дебитанскиот настап за Интер Мајами демонстрираше неверојатна магија каква што само тој умее да изведе. Во 94.минута, тој постигна прекрасен гол од слободен удар и донесе триумф за Интер Мајами на делот против Круз Азул во Лига Купот на Северна и Средна Америка.
El primer gol de Messi con Inter Miami 🤯🤯👏👏
Messi scores in his first match with the club to give us the lead in the 94th minute. pic.twitter.com/pI7bYjEK63
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) July 22, 2023
Тој влезе во игра во 54.минута и веднаш се забележа разликата во играта на Интер Мајами. На крајот го постигна и одлучувачкиот погодок.
Дејвид Бекам, еден од сопствениците на Интер Мајами, со солзи радосници го проследи спектакуларниот гол на Лео Меси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Евра: Ова веќе не се фудбалери, туку инфлуенсери
Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Јувентус, Патрис Евра, зборуваше за отказот што го доби Игор Тудор од челниците на „Старата дама“.
„Ви благодарам за сè, мистер. Но, оваа порака е и за играчите, бидејќи кога вашиот тренер ќе биде отпуштен, тоа значи дека не сте ја завршиле добро работата на теренот. Ми се случи само еднаш во кариерата и се чувствував како ѓубре“, рече Евра.
Французинот исто така рече дека денешните фудбалери, поради влијанието на социјалните мрежи, не можат да се споредат со оние од неговата генерација.
„Не можам да бидам груб кон нив, но тоа е нова генерација, ТикТок генерација. Тие повеќе не се фудбалери, туку брендови, рапери, инфлуенсери. Премногу работи во го одвлекуваат вниманието. Ние само јадевме, спиевме и игравме фудбал. Денес, тоа го нема.“
Евра додаде дека Јувентус го изгубил својот идентитет.
„Клубот целосно се промени, ги загубија своите вистински вредности. Кога дојдов, претседателот Ањели беше секогаш со нас, со Недвед, Марота и Паратичи. Сега тоа го нема“, рече Евра.
Спорт
Наполи ќе го откупи Хојлунд од Манчестер Јунајтед
Расмус Хојлунд пристигна во Наполи како позајмен играч од Манчестер Јунајтед ова лето.
Младиот напаѓач веднаш остави добар впечаток вој новиот клуб кој сака да го откупи неговиот договор. Хојлунд одигра шест натпревари во кои постигна четири гола.
Според британските медиуми, првиот човеке на Наполи, Аурелио Де Лаурентис донел одлука договорот на Хојлунд да биде откупен и веќе започнал да работи на неговата реализиција.
Управата на клубот сака да ја активира откупната клаузула, која изнесува 44 милиони евра, во јануарскиот преоден рок.
Англискиот и италијанскиот клуб се во интензивни преговори, а доколку Наполи избори пласман во Лигата на шампионите, опцијата за откуп станува автоматски задолжителна, што би го олеснило трансферот уште повеќе.
Хојлунд одигра 95 натпревари во дресот на Манчестер Јунајтед и постигна 26 гола.
Спорт
Реал донесе засилување од Лос Анџелес Лејкерс
Реал Мадрид донесе уште едно засилување од НБА на центрарската позиција.
Украинецот Алекс Лен, некогаш петти пик на драфтот во 2013 година, пристигна во главниот град на Шпанија.
Висок 213 сантиметри за време на својата НБА кариера, 32-годишниот Лен ги носеше дресовите на Финикс, Атланта, Сакраменто, Торонто, Вашингтон, а во Реал пристигна од Лос Анџелес Лејкерс.
Во текот на 12 години во најсилната кошаркарска лига во светот, тој имаше просек од 6,7 поени и 5,3 скока.
Украинецот дојде да му биде резерва на Еди Таварез, откако Бруно Фернандо доби отказ, тој го напушти Мадрид и се пресели во Партизан.

