Спорт
Јувентус веќе се договориле со Лукаку?
Јувентус се подготвени да дадат понуда на Челси за трансферот на Ромелу Лукаку, откако Белгиецот веќе ги договорил условите на тригодишниот договор со „бјанконерите“, тврди „Кориере дело спорт“.
30-годишниот Белгиец доминираше на насловните страници на италијанските спортски весници последните денови, откако Интер решија да не се обидат да го донесат поради тоа што тој зад грб преговараше за трансфер во Јувентус. Лукаку не е во плановите на новиот менаџер на Челси, Маурисио Почетино и премиерлигашот планира да го продаде ова лето, и би ја прифатиле понудата од Саудиска Арабија, но тој сака да остане во Европа.
Според „Кориере“, новиот спортски директор на Јуве, Кристијано Џунтоли веќе преговара со Челси за да се одредат условите за договор и трансферот не зависи од продажбата на Душан Влаховиќ. Лукаку веќе се договорил на тригодишен договор со Јуве вреден 9 милиони евра по сезона.
🔎#Juventus, accelerata per #Lukaku: il piano di #Giuntoli https://t.co/0dy5lCLfvW
— Corriere dello Sport (@CorSport) July 23, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Федерер: Тоа финале не требаше да го загубам
Роџер Федерер има изгубено 11 финалиња на Гренд слем турнирите, жали само за едно. Во интервју за швајцарскаиот весник „Tages-Anzeiger“, откри дека тоа не е финалето против Новак Ѓоковиќ во 2019 година, кога пропушти две меч топки. Инаку по тоа финале во 2019 година, Федерер никогаш повеќе не избори пласман во Гренд слем финале.
На прашањето кој меч би сакал повторно да го игра, сопственикот на 20-те најголеми пехари, одговори:
„Финалето на Отвореното првенство на САД во 2009 година против Хуан Мартин дел Потро. Требаше да го добијам тој меч, но на загревањето болката во грбот ми се врати и пропуштив многу можности. Требаше да го добијам тој натпревар“.
Делпо победи со 3:6, 7:6 (7:5), 4:6, 7:6 (7:4), 6:2, но тој неуспех имаше многу посериозни последици за кариерата на Федерер отколку што тој претпоставуваше тогаш.
„Овој пораз ја заврши мојата серија на Отвореното првенство на САД“ – објасни Швајцарецот, кој освои пет последователни титули во Њујорк пред тој натпревар, а ниедна потоа. Тој одигра само уште едно финале Флашинг Медоус подоцна во својата кариера. Го загуби од Ѓоковиќ во 2015 година.
Спорт
(Видео) Дончиќ е во врвна форма – Лејкерси славеа против Њу Орлеанс
Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ги предводеше Лос Анџелес Лејкерс до нивната седма последователна победа во НБА лигата.
Лејкерс ги победија Њу Орлеанс Пеликанс со 133:121, брилијантниот Словенец постигна 34 поени (20 во првата четвртина). На својот настап додаде 12 скока и седум асистенции.
За Лејкерс, ова беше 13-та победа во последните 15 натпревари. Дончиќ доби поддршка од Остин Ривс со 33 поени и осум асистенции и Деандре Ајтон со 22 поени и 12 скока. Леброн Џејмс синоќа паузираше поради болка во левото стапало. Џејмс играше само четири натпревари за Лејкерс оваа сезона поради закрепнување од повреда.
Во отсуство на Леброн, Дончиќ ја игра најдобрата сезона во кариерата. Тој е лидер во НБА лигата со просек од 35 поени по натпревар. Тој е и четвртиот асистент во лигата со 9,2 асистенции по натпревар. Синоќешниот натпревар против Пеликанс беше негов шести последователен натпревар во кој постигна 30 или повеќе поени.
„Езерџиите“ е на второто место во Западната конференција со сооднос победи-порази од 15:4.
Резултати:
Јута – Хјустон 101:129
/Бејли 19 – Шенгун 27/
Кливленд – Бостон 115:117
/Мобли 27 – Причард 42/
Филаделфија – Атланта 134:142 (115:115)
/Макси 44 – Џонсон 41/
Њујорк – Торонто 116:94
/Таунс 22 – Квикли 19/
Портланд – Окалхома 115:123
/Обадија 31 – Гилџес Александер 26/
Минесота – Сан Антонио 125:112
/Едвардс 32 – Фокс 25/
Спорт
Манчестер јунајтед подготвува мегапонуда за Валверде
Манчестер Јунајтед подготвува една од најамбициозните операции во наредниот летен преоден рок. Целта на клубот е Федерико Валверде, вицекапитен и еден од клучните играчи на Реал Мадрид.
Според последните извештаи, раководството на „Олд Трафорд“ е подготвено да понуди над 100 милиони фунти за да го убеди Реал да го пушти Уругваецот.
Иако англиските медиуми претходно пишуваа за понуда од околу 87 милиони фунти, Јунајтед е свесен дека Реал го цени својот универзален играч за врска значително повеќе.
„Црвените ѓаволи“ затоа подготвуваат пакет кој би надминал деветцифрена бројка – што би го направило Валверде еден од најскапите играчи за врска во историјата на клубот.
Според „Goal.com“, Валверде – и покрај неговиот статус на клупска икона – би можел да биде отворен за нови размислувања поради наводното заладување на односите со тренерот Чаби Алонсо. Сепак, „кралевите“ бараат дури 130 милиони и прашањето е дали Јунајтед може и сака да ја плати таа сума.
Валверде освои сè во Мадрид – неколку титули во Ла Лига, две Лиги на шампиони, а во финалето во 2022 година постигна клучна асистенција за трофејот. Неодамна стана Уругваецот со најмногу настапи во дресот на „кралскиот клуб“ и беше промовиран во вицекапитен.
Управата на Јунајтед, предводена од Рубен Аморим, го гледа 26-годишниот Уругваец како идеален лидер во планираната реконструкцијата на средниот ред.
Португалскиот тренер го гледа Валверде како играч кој веднаш би донел енергија, дисциплина и сигурност во двата правци.

