Црна хроника
Расчистена тешка кражба на паркинг во Автокоманда

На 22.07.2023 од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција лишен е од слобода малолетник, поради основано сомнение дека заедно со други пет малолетници од нас. Шуто Оризари и Топанско Поле на 08.05.2023 на паркинг простор во населба Автокоманда извршиле кривично „тешка кражба”, при што со употреба на алат скршиле стакла на шест возила и одзеле предмети.
Тој е приведен во Полициско одделение Шуто Оризари, каде во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетници е извршен службен разговор во врска со кривичното дело.
Во изминатиот период службени разговори беа извршени и со петте други малолетници кои учествувале во извршувањето на ова кривично дело, и по целосно документирање на случајот ЕВР Гази Баба ќе поднесе соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Разбојништво во фризерски салон во Битола: му го зел прометот на фирзерот и му се заканил дека ќе го испрска со солзавец

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 22-годишен битолчанец осомничен за кривично дело – разбојничка кражба од член 238 став 1 од Кривичниот законик.
На 23 јуни околу пладне, осомничениот влегол во фризерски салон и побарал пари од фризерот. Тој одбил доброволно да му даде, по што осомничениот го искористил моментот кога оштетениот се оддалечил од фиоката во која го чувал прометот од фризерските услуги, ја отворил фиоката и ги одзел речиси сите пари кои биле внатре, односно 3.000 денари.
Веднаш се обидел да избега од салонот, но оштетениот го фатил и го држел за да го спречи да замине додека не биде повикана полиција. Затекнат при кражбата, осомничениот му се заканил на оштетениот дека ќе го испрска со солзавец, поради што тој го пуштил да си замине со украдените парични средства.
„Лицето е се уште во бегство и полицијата трага по него. Во меѓувреме, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор која ќе започне да се применува веднаш по неговото пронаоѓање и лишување од слобода. Притворската мерка е побарана бидејќи се работи за лице кое и претходно е осудувано за исти и слични дела и очигледно е дека се крие и се обидува да ги избегне органите на прогонот“, соопшти Обвинителството.
Важни докази за настанот, како што велат од Обвинителството, се исказите на оштетениот и на сведоците кои во моментот биле присутни во фризерскиот салон, па без најстрогата мерка за обезбедување постои реална опасност осомничениот да се обиде да влијае врз нив и со тоа да ја попречува истражната постапка. Јавниот обвинител го зел предвид исказот на оштетениот кој се чувствува загрозен и бара да биде заштитен од осомничениот во текот на постапката.
Црна хроника
Пожар во стан во Делчево, 16-годишно девојче побарало медицинска помош

Синоќа во 00.19 часот во ОВР Делчево е пријавено дека во Делчево настанал пожар во стан, сопственост на Ф.Д., во кој во моментот немало никој.
Од Територијалната противпожарна единица Делчево, пожарот е изгаснат.
Подоцна, во 02.00 часот во Итната медицинска помош Делчево, 16-годишна малолетничка, која живее во истата зграда, побарала помош поради отежнато дишење. Извршен е увид.
Црна хроника
Тепачка на „Партизанска“ – малолетник избоден со остар предмет

Малолетник бил избоден со остар предмет на „Партизанска“ во Скопје.
Според информациите на МВР, СВР Скопје поднесе кривична пријава против 16-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
На 02.06.2025 на бул. „Партизански oдреди“ во Скопје, пријавениот, по претходна расправија, со остар предмет му нанел убодни рани на 17-годишник.