Свет
Се урна покрив на средно училиште, загинаа 11 лица во Кина

Единаесет лица загинаа при уривање покрив на гимназија во средно училиште во градот Чиќихар на крајниот североисток на Кина, соопштија денеска локалните власти.
Инцидентот се случил вчера, а последната жртва била извлечена од урнатините денес рано наутро, пренесува АП. Официјалната кинеска новинска агенција „Ксинхуа“ јави дека уривањето на покривната конструкција е резултат на градежните работи што се изведувале во училиштето бидејќи работниците складирале градежни материјали на покривот на гимназијата.
Во гимназијата на училиштето имало 19 луѓе, јавува „Ксинхуа“, но не се наведува колку ученици имало.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Пристигна одговорот на Европската унија на заканата на Трамп за царините

Европската унија работи со добра волја за да обезбеди спроведување на трговскиот договор со САД заснован на почитување, а не на закани, рече европскиот комесар за трговија Марош Шефчовиќ, по коментарите на Доналд Трамп за можни царини од 50 отсто.
Американскиот претседател рече дека не бара трговски договор со Европската унија, заканувајќи се дека ќе воведе царини од 50 отсто на увозот од 27 земји-членки почнувајќи од 1 јуни.
„ЕУ е целосно ангажирана и решена да гарантира договор што функционира за двете страни“, напиша Марош Шефчовиќ на „Икс“ по разговорите со американскиот трговски претставник Џејмисон Грир и министерот за трговија Хауард Лутник.
„Трговијата меѓу ЕУ и САД мора да се води од взаемно почитување, а не од закани. Подготвени сме да ги браниме нашите интереси“, додаде европскиот комесар.
На почетокот на мај ЕУ се закани дека ќе воведе царини за увоз од САД во вредност од 95 милијарди, што се однесуваат на автомобили и авиони, доколку пропаднат трговските преговори со Трамп.
Комисијата најави и дека трговските мерки што САД ги воведуваат против неа ќе ги извести и до Светската трговска организација (СТО).
Во последните месеци, ЕУ три пати беше погодена од царините на американската администрација: 25 отсто за челик и алуминиум, кои беа објавени во средината на март, 25 отсто за автомобили, а потоа 20 отсто за сите други европски производи во април.
Неодамна објавените тарифи беа суспендирани до јули за да се овозможат преговори, но царините од 10 отсто сè уште важат за повеќето стоки што 27-те земји-членки ги извезуваат во Соединетите држави.
Доналд Трамп редовно ја напаѓа Европа откако се врати во Белата куќа во неговиот втор мандат, сметајќи ја, како што рече, полоша од Кина во однос на трговските односи.
Соединетите држави го проценуваат својот дефицит со ЕУ во 2024 година во размена на стоки на 235 милијарди долари, но Европската комисија посочува дека американскиот суфицит во услугите го намалува трговскиот дефицит на 50 милијарди евра (околу 57 милијарди долари).
Свет
Европските министри за надворешни работи до Израел: Веднаш дозволете хуманитарна помош во Газа

Министрите за надворешни работи од повеќе од 20 земји, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, денес го повикаа Израел целосно да отвори хуманитарен пристап до Појасот Газа.
„Иако гледаме знаци на ограничен хуманитарен пристап, Израел го блокираше влегувањето на хуманитарната помош во Газа повеќе од два месеци. Храната, лековите и основните потреби се исцрпени. Населението се соочува со глад. Луѓето во Газа мора да ја добијат помошта што им е очајно потребна“, се вели во заедничкото соопштение.
Во соопштението, потпишано од министрите за надворешни работи на 22 земји, остро се критикува одлуката на Израел во понеделник да дозволи само пет камиони што превезуваат основни залихи во затворената крајбрежна енклава. Министрите упатија две јасни барања до Израел: „Веднаш да се дозволи целосен хуманитарен пристап до Газа и да се овозможи на ОН и хуманитарните организации да работат независно и непристрасно за да спасат животи, да го намалат човечкото страдање и да го зачуваат достоинството“.
Според израелски извори, ова е прв влез на помош во Газа по речиси тримесечна блокада. Сепак, само пет камиони влегоа во крајбрежната енклава.
Свет
Сателитските снимки откриваат детали за инцидентот што го налути Ким, се преврте разорувачот

Нови сателитски снимки открија сериозен инцидент во севернокорејско воено бродоградилиште – најновиот воен брод на режимот на Ким Џонг Ун, разорувач од 5.000 тони, беше оштетен за време на лансирањето и моментално се наоѓа навален и делумно потопен на рампата на бродоградилиштето во градот Чонгџин.
Инцидентот се случил во четврток, за време на церемонијалното спуштање на бродот, на кое лично присуствувал севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.
Сателитските снимки објавени од „Планет“ и „Ербас Дифенс енд Спејс“ потврдуваат дека бродот е во неприродна положба, покриен со сини церади кои го кријат обемот на штетата.
North Korea’s latest naval destroyer has been significantly damaged prior to its launch. In a rare acknowledgment, North Korea's state news agency KCNA reported yesterday an incident occurred with a new destroyer in Chongjin, which was close to being launched. pic.twitter.com/0PfuqehYnF
— Open Source Centre (@osc_london) May 22, 2025
Аналитичарот на Меѓународниот институт за стратешки студии, Џозеф Демпси, објави дека снимката сугерира дека бродот е навален на десната страна и можеби е делумно потопен.
„Со оглед на аголот на наклон и очигледната положба, бродот веројатно е на страна или барем делумно потопен“, напиша тој на платформата Икс.
Севернокорејскиот режим ретко јавно признава технички дефекти, но овој инцидент тешко можеше да остане скриен откако беа објавени сателитските снимки. Сепак, КЦНА соопшти дека „штетата не е сериозна“, наведувајќи дека трупот на бродот не е пробиен и дека испумпувањето на водата би можело да го стабилизира бродот во рок од два до три дена. Експертите проценуваат дека целосната поправка ќе трае најмалку десет дена.

Сателитска снимка од разурнувачот пред инцидентот
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун не го криеше својот гнев поради несреќата.
„Ова е сериозен инцидент и кривично дело предизвикано од екстремна невнимание, неодговорност и ненаучен емпиризам, што е неприфатливо и не смее да се толерира“, рече тој, според извештајот на КЦНА.