Контакт

Регион

Земјотрес утрово го погоди Крит

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди грчкиот остров Крит.

dobivaj vesti na viber

Eпицентарот на земјотресот бил лоциран на 4 километри југозападно од Аркалохори, a е регистриран на длабочина од 8,4 километри.

Бил почувствуван и во околните места.

Регион

Вучевиќ: Приказната за ЕУ ​​не е целосна без Србија

Објавено пред

Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, вчера изјави дека секогаш е добро да се слуша гласот на вистината за Косово во Обединетите нации, но дека не очекува големи заклучоци од денешната седница на Советот за безбедност на ОН со оглед на поларизирани ставови на земјит -членки кога станува збор за Косово. Вучевиќ рече дека е сигурен оти секоја дискусија за Косово во Советот за безбедност на ОН ќе доведе до јасна поларизација кон земјите што го признаваат Косово и оние што го признаваат суверенитетот на Србија во согласност со меѓународното јавно право и Повелбата на ОН.

dobivaj vesti na viber

„Оние што мислат дека Косово е независно, веројатно, ќе ги величаат или оправдуваат постапките на Курти и Приштина. Оние што го почитуваат меѓународното јавно право ќе укажат на кршењето на основните човекови права и слободи, што, за жал, секојдневно се случува врз Србите и врз неалбанското население на територијата на Косово“, изјави Вучевиќ, пренесе „Танјуг“.

Вучевиќ рече дека „Отворен Балкан“ е добра иницијатива, но дека е пропуштена можноста да му се приклучат и Црна Гора и Босна и Херцеговина и на тој начин да го завршат проектот. „Тоа би било идеално и тогаш ќе ја добиеме полната слика на овој простор и ќе ѝ покажеме на Европа, но пред сè на нас самите, дека можеме да соработуваме. А не дека постојано се обвинуваме за нешто, затоа прифатете ме, но не прифаќајте ги во ЕУ“, рече Вучевиќ и додаде дека се добива впечаток дека „Отворен Балкан“ во моментот не е на дневен ред на соседните земји. На прашањето дали „Отворен Балкан“ е сè уште жив и потребен по Берлинскиот процес, Вучевиќ рече дека оваа иницијатива е жива во смисла дека се почитуваат постигнатите договори, но дека му се чини оти Албанија веќе не е заинтересирана за тој процес. Тој потсети на изјавата на премиерот на Албанија, Еди Рама, дека процесот „Отворен Балкан“ е завршен и дека ја исполнил својата мисија.

„Очекуваме поблиско определување на новата Влада на Северна Македонија во однос на ова прашање, но премиерот Мицкоски не ја отвори оваа тема кога бев во Скопје. Очигледно е дека тоа не е на ничија агенда“, рече Вучевиќ. Тој додаде дека Германија се обидува да му даде нова сила и енергија на Берлинскиот процес и дополнително да го заживее во заднина на 10-годишнината и посочи дека не е важно како се вика иницијативата ако води кон мир и стабилност во регионот. Тој нагласи дека нема успех за одделни земји доколку целиот Западен Балкан не влезе во Европската Унија и дека без Србија како најголема земја во регионот, приказната за ЕУ ​​нема да биде целосна.

Тој посочи дека треба да се води дијалог за договори за полесно движење луѓе, стоки и капитал и како граѓаните што помалку да се задржуваат на границите. „Да направиме навистина unstop shop на граница, а најдоброто нешто е да нема застој. И, пред сè, за товарниот сообраќај, камионите треба да доцнат што е можно помалку. Ова е важно за економијата на сите земји во оваа област“, ​​нагласи Вучевиќ.

Прикажи повеќе...

Регион

Црногорскиот премиер: Сакам да ги поправам запоставените односи со Хрватска

Објавено пред

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ на разговор со претставникот на Хрватската граѓанска иницијатива Адријан Вуксановиќ во Собранието на Црна Гора изјави дека сака да ги подобри односите со Хрватска, кои, како што рече, биле запоставени.

dobivaj vesti na viber

Односите меѓу Црна Гора и Хрватска беа нарушени откако во јуни црногорскиот парламент усвои резолуција на предлог на Андрија Мандиќ за геноцидот во логорскиот систем Јасеновац и логорите Дахау и Маутхаузен. Таа резолуција ја поддржаа и дел од претставниците на движењето „Европа Сад“ на Спајиќ.

Таа резолуција претставува политичка реакција на резолуцијата за геноцидот во Сребреница, која беше поддржана од владата на Црна Гора во Обединетите нации.

Хрватска потоа испрати протестна нота до официјална Подгорица, предупредувајќи дека усвојувањето на таа резолуција може да го забави нејзиниот пат кон ЕУ.

 

 

Прикажи повеќе...

Регион

Земјотрес го погоди северниот дел на Јадранот

Објавено пред

Кај Јадранското Море вечерва се случи земјотрес. Бил со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала.

dobivaj vesti na viber

Земјотресот бил почувствуван во северниот дел на Јадранот, недалеку од италијанскиот брег.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија56 минути

Петровска: ДПМНЕ стави тренер по кикбокс за директор на АНБ и нè почестија со фалсификуван сертификат

„Изборот на Бојан Христовски за директор на АНБ под сомнителни околности и со сомнителен сертификат за познавање на англиски јазик...

Европа3 часа

(Видео) Спасувачите ги извлекуваат мртвите бебиња од поплавите: апокалиптични сцени од Шпанија, владее хаос

Спасувачите во Шпанија ги извлекуваат мртвите бебиња од поплавите што ја зафатија оваа европска земја. Досега се извлечени телата на...

Македонија4 часа

ЈО да истражи во чии џебови завршија три милиони евра повеќе од предвиденото за набавка на уред од МЕПСО, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и ДУИ се симбол за криминал, корупција, скандали, злоупотреби на службените должности и овластувања за лично богатење на поединци...

Македонија4 часа

Две директорки осудени за лажни сертификати како тој на Христовски, Обвинителството мора да постапи, бара СДСМ

„Откако Мицкоски ја киднапираше Агенцијата за национална безбедност, скандалот со незаконското поставување директор станува се поголем. Две директорки на јавни...

Македонија5 часа

„Ја затворил во викендичка, па ја удирал со шлаканици, тупаници и со клоци, таа посегнала по нож и си ги исекла вените“, Обинителството поведе постапка против битолчанец

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 39-годишен битолчанец, осомничен за дело – Противправно лишување од слобода од член 140...

Свет5 часа

Шок-откритие на француските медиуми: телохранителите на Бајден, Путин, Макрон, Трамп, Меланија вмешани во сè…

Светските лидери, вклучително и претседателите на Франција, Соединетите Американски Држави и Русија, се изложени на ризик бидејќи нивниот безбедносен персонал...

Свет7 часа

Камала Харис го одржа последниот говор во пресрет на претседателските избори

Потпретседателката на САД и претседателски кандидат Камала Харис го одржа својот последен говор пред претседателските избори во Елипс Парк, недалеку...

Македонија23 часа

Три години по пописот, Реџепи побара Уставен да ја укине поделбата на резиденти и нерезиденти: сега се чувствува штетата од таквата одлука

Укинување на поделбата на резидентно и нерезидентно население направена со пописот од 2021 година побара денес пратеникот на коалицијата „Европски...

Македонија1 ден

Царинската управа: Запленети 109 кг режен тутун, цигари, облека од познати модни брендови

Режен тутун во вкупна количина од 109,5 килограми е запленет од страна на мобилен тим во координација со СВР Битола...

Македонија1 ден

(Видео) Бочварски: Ниту бил непотребен ниту криминален, ДПМНЕ неосновано ја обвинуваше СДСМ за изградба на коридорите

После само четири месеци од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ станува јасно дека се она што говореше во опозиција биле празни флоскули,...

Македонија1 ден

Речиси 60 компании под истрага: злоупотребиле пари за фантомски проекти, 3,2 милиони евра не се вратени во државниот буџет, објави директорот на Фондот за иновации

Во изминатиот период се откриени сериозни неправилности во работата на Фондот за иновации и технолошки развој. Речиси 60 компании не...

Топ1 ден

Загина возач на трактор во Струмичко, се судрил со „сеат“

Вчера во 09.45 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Струмица-с.Баница-с.Вељуса, поточно во село Баница, струмичко...

Македонија1 ден

(Видео) Еден ден сите ќе заминеме од овој свет и нема да има зголемување на платите на функционерите, тоа е сигурно, рече Мицкоски

Едно е сигурно, покрај една друга работа што во животот треба да се случи, а тоа е дека нема да...

Македонија1 ден

Трајановски да не штити никого, скандалите во ЈПДП треба да ги истражи Јавното обвинителството, бара СДСМ

„Откако СДСМ го објави скандалот во ЈПДП во којшто на незаконски начин е дозволено поминување на 40 возила Коце Трајановски...

Регион1 ден

Извештај на Европската комисија: Во прашање е стратегиската насока на Србија

Србија не воведе санкции против Русија, одржуваше односи на високо ниво со таа земја и ги интензивираше односите со Кина,...

Македонија1 ден

ДОМ: Владата да не го одолжува чистењето на линданот

ДОМ – Демократска обнова на Македонија изразува загриженост за пролонгирањето на расчистувањето на малата депонија со НСН изомери во поранешната...

Свет1 ден

Една недела до изборите, мртва трка меѓу Харис и Трамп: „Ова е како фрлање паричка“

Камала Харис и Доналд Трамп влегуваат во последната недела од најдраматичната и најполаризирачка трка за Белата куќа во модерната историја....

Македонија1 ден

„Сè што кажа – Мицкски излажа, и договорот со „Бехтел и Енка“ му стана историски најдобар“, велат од СДСМ

„Сè што кажа Христијан Мицкоски, секое негово ветување додека беше во опозиција се покажа како голема лага и измама. Граѓаните...

Свет1 ден

„Фајненшл тајмс“: Ова е планот на Трамп да стави крај на војната во Украина

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп планира да стави крај на војната во Украина со „замрзнување“ на конфликтот доколку победи на...

Свет1 ден

(Видео) Заменик на шерифот во Калифорнија спасил дете од автомобил секунди пред да удри возот

Заменик на шерифот Мајкл Кастанеда во округот Сан Бернардино, Калифорнија, неодамна доби награда за храброст за спасување на дете од...