Регион
Пожарот во Грција стигна до хотел полн со туристи: огнот беше веднаш зад нас

Семејство од Данска, кое престојувало на одмор во Грција, изјави за „Скај њуз“ дека морале да пешачат 11 километри на високи температури за да избегаат од пожарот што го зафатил хотелот во кој престојувале. Жената рекла дека сопругот, ќерката и таа биле на одмор во Киотари кога им било кажано дека шумски пожар се приближува до нивниот хотел и дека мора да си заминат.
Тие пешачеле 11-ина километри на многу високи температури, но пламените јазици биле сѐ поблиску. На крајот, нивната единствена опција била да се качат на брод што ги чекал на брегот и да заминат на северот од островот.
„Мислев дека ќе умрам, дека никогаш повеќе нема да ги видам моето најстаро дете и внукот. Огнот беше веднаш зад нас. Нѐ евакуираа од хотелот. Пешачевме 11 километри, а потоа нѐ вратија на плажата, од каде што не знаевме што понатаму”, рекла жената.
„Потоа дојде војската и нè собра и нѐ пренесе на југ. Подоцна дојде полициски чамец. Огнот постојано нѐ следеше. Хотелот изгоре. Сега седиме овде на аеродромот во облеката што ја имаме со нас“, додала таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Грозоморната сцена покажува колку била ужасна несреќата: автобус излета од патот во близина на Чачак, има загинати

Рано утрово, околу 6:40 часот, на државниот пат I Б, на делницата помеѓу Чачак и Краљево, во близина на местото Бресница, се случила тешка сообраќајна несреќа во која загинал еден маж, додека две лица се тешко повредени, известуваат српските медиуми.
Според првичните информации, во несреќата учествувале автобус и патничко возило. Според неофицијални информации, несреќата се случила кога автобусот, откако се судрил со автомобил, излетал од патот и удрил во столб од далновод.
Едно лице почина на местото на настанот, додека две лица беа тешко повредени и префрлени во Општата болница во Чачак. Лекарите моментално вршат дијагностика, а еден од повредените е на скенер, објави српски Телеграф.
Снимките од местото на настанот покажуваат дека несреќата била ужасна.
фото: принтскрин
Регион
Тројца загинати и седум лица во тешка состојба по превртување на автобус кај Сремска Митровица

Состојбата на повредените во тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Сремска Митровица, во која животот го загубија три лица, и понатаму е сериозна, изјави денеска директорот на Општата болница во Сремска Митровица, д-р Војислав Мирниќ.
„Хоспитализирани се 39 пациенти. Од нив, седум се со потешки повреди и се наоѓаат на одделенијата за интензивна нега, додека 15 пациенти се подготвени за отпуст,“ рече Мирниќ.
Тој прецизираше дека 13 пациенти од Одделението за општа хирургија и двајца од Одделението за ортопедија се во стабилна состојба и наскоро ќе бидат пуштени дома.
„Се врши дополнителна дијагностика за сите пациенти, а во наредните 48 часа очекуваме уште дел од нив да бидат подготвени за отпуст. Посетите во болницата се дозволени од 14 до 16 часот,“ додаде Мирниќ.
Во несреќата, која се случила на патот меѓу Сремска Митровица и селото Јарак, загинале три лица – две на самото место и едно во болница, од последици на тешките повреди.
Вкупно 61 патник бил прегледан во митровачката болница, а 39 лица биле задржани на лекување. Осуммина се на интензивна нега, дваесетмина на општа хирургија, а единаесетмина на ортопедија.
Еден пациент е префрлен во Ургентниот центар во Нови Сад, а друг во Белград на понатамошно лекување.
Автобусот на превозникот „Сирмиум бус“, кој превезувал работници, под засега непознати околности излетал од патот и се превртел. Возачот на автобусот, Д. К. (1955), е уапсен поради сомнение дека ја предизвикал несреќата во која загинаа три лица. Нему му е одредено задржување до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежното обвинителство со кривична пријава.
Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.