Свет
(Видео) Русите тврдат дека Украинците ја нападнале Москва со дронови: „Ова е терористички чин“
Две беспилотни летала лансирани од Украина рано утринава ја нападнаа Москва, но беа пресретнати и уништени, соопшти руското Министерство за одбрана.
Руските државни новински агенции објавија дека делови од дронот биле пронајдени на два километра од зградите на Министерството. Нарекувајќи го терористички напад, Министерството за одбрана на својата апликација за пораки „Телеграм“ објави дека нема жртви во нападот.
💥Москву атакуют беспилотники.
«Жители разных районов столицы в ЮЗАО и ЮАО сообщили нам как минимум о трёх хлопках в небе… Сообщается о взрыве на улице Лихачёва. В здании, где находится “Леруа Мерлен” выбило стёкла на верхних этажах», — сообщает Shot pic.twitter.com/5LsysRrry9
— Ёшкин Крот (@yoshkinkrot) July 24, 2023
Ниту Министерството за одбрана ниту градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, не соопшти каде биле пресретнати беспилотните летала.
Руските државни новински агенции јавија, повикувајќи се на итните служби, дека делови од дронот биле пронајдени во близина на зграда на авенијата Комсомолски, која е недалеку од зградите на Министерството за одбрана.
Сообраќајот на таа авенија беше затворен, како и на авенијата Лихачев на југот на Москва, каде што беше оштетена висока деловна зграда, јавуваат агенциите.
Од Киев нема коментар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

