Црна хроника
Кривични пријави за ископ на кварц без концесиоја
Велешката полиција поднесе кривични пријави против двајцата велешани вработени во фирмата „Пела Констракшн Инкорпорејтед“, затоа што без концесија вршеле ископ на минерални суровини
Четириесет иседум годишниот велешанец Т. Д. и педесет идве годишниот М.Ѓ. заработија кривични пријави оти без концесија или дозвола вршеле ископ и експлоатација на минерални суровини. Првообвинетиот од страна на инспектори од одделот за економски криминал при СВР Велес, во ноември годинава бил затекнат како со машина врши утовар на кварц во две товарни моторни возила во близина на фудбалското игралиште кај село Извор. Тој бил вработен во фирмата Пела Констракшн Инкорпорејтед и без концесила или дозвола неколкупати од местото ископувал кварц и го складирал во близина на фудбалското игралиште во селото. Откако собрал поголема количина се договорил со фирмата во која бил вработен да и го продаде кварцот за што добил одредена сума на пари. Второобвинетиот М. Ѓ бил одговорен во фирмата Пела, па затоа кривична заработил и тој и фирмата како правно лице.Еден месец претходно инспектори од СВР Велес затекнале уште три лица како незаконски вршат ископ на минералот кај атарот на село Оравдол во општина Чашка. Откако инспекторите ја проверила документацијата утврдиле дека фирмата Пела Констракшн Инкорпорејтед е одговорна за криминалот. Вработени во фирмата ископот го вршеле надвор од местото за кое таа имала концесија, приближно на 1.300 метри воздушна линија.Против двајцата велешани СВР Велес до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Незаконска експоатација на минерали“, а од фирмата инволвирана во криминалот одзеде едба работна машина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

