Забава
Отуѓената сопруга на Кевин Костнер се дружи со негов пријател на Хаваи среде спорниот развод

Отуѓената сопруга на Кевин Костнер, Кристин Баумгартнер, најде друштво со еден од неговите пријатели.
Поранешната дизајнерка на чанти (49) беше забележана на одмор на Хаваи со Џош Конор, финансиер од Калифорнија, кого ТМЗ го идентификува како еден од блиските пријатели на ѕвездата од „Јелоустоун“.
Банкарот наводно е добар пријател со Кристин веќе некое време бидејќи тој живее блиску до семејната куќа на Костнери во Карпинтерија, Калифорнија.
На фотографиите што ги доби порталот, Кристин и Џош се гледаат заедно на прошетка покрај океанот.
Таа на себе има долг виолетов фустан и бели сандали, а во раката држи голем бел шешир.
Се чини дека и двајцата се расположени, со насмевки на своите лица.
Некои таблиди шпекулираа дека Џош ја теши поранешната сопруга на холивудската ѕвезда, но анонимен извор тврди за ТМЗ дека Кристин и Џош, кој исто така е разведен, немаат апсолутно никаква романтична врска.
„Тие се добри пријатели со години“, рече инсајдерот.
Поранешната манекенка е на одмор со децата, со кои беше фотографирана викендов додека се забавувааат на плажа.
Во некои моменти правеше селфи со 13-годишна ќерка Грејс. Таа ги има и синовите Кајден (16) и Хејс (14) од бракот со Костнер.
Во мај Кристин поднесе барање за развод од холивудскиот актер по 18 години брак, а како причина ги наведе непомирливите разлики. Таа побара заедничко старателство над трите деца.
Изминатите неколку месеци се состоеа од неколку битки во судницата за финансиите на поранешната двојка и покрај тоа што има предбрачен договор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Кејт и Меланија по свечениот банкет на опуштено дружење во Виндзор

По синоќешниот раскошен државен банкет, принцезата од Велс, Кејт (43), и првата дама на САД, Меланија Трамп (55), утрово се појавија во многу поопуштено издание на дружење со најмладите извидници во градините на Фрогмор во Виндзор.
Двете им се придружија на дваесетина деца на активности во природа – градба на „хотели за инсекти“, игра со лисја и заеднички ручек. Кејт понесе сендвичи со мед од нејзината кошница во Анмер Хол, а Меланија донесе теглички мед од Белата куќа.
Првата дама претходно беше во обиколка на Куќичката за кукли на кралицата Мери и Кралската библиотека, пред да отпатува кон Чекерс, каде ќе се сретне со Доналд Трамп и премиерот Кир Стармер.
Настанот следуваше по државниот банкет во чест на Трампови, кој вчера беше организиран во замокот Виндзор.
Забава
Татко од забава зел детектор за метал, неколку часа подоцна пронашол вистинско богатство

Британец стана локална сензација, откако вторпат во животот зел во раце детектор за метал и пронашол артефакт со непроценлива историска вредност.
Неговата приказна беше објавена на „Редит“, каде што привлече големо внимание, пренесува „Мирор“.
Човекот купил детектор затоа што сакал ново хоби. Прво успеал да пронајде монета од 1904 година, не насетувајќи што уште го очекува.
Додека пребарувал една парцела, слушнал предупредувачки сигнал од уредот и сфатил дека нашол нешто. Наскоро пред него се појавил голем саксонски прстен изработен од злато! На само 50 метри подалеку пронашол и златен украс во форма на глава од гавран.
Британецот веднаш го пријавил откритието, а надлежните го затвориле целиот локалитет. Понатамошните ископувања ги презеле археолозите.
Авторот на објавата на „Редит“ рекол дека вредноста на пронајдениот артефакт ќе се подели помеѓу пронаоѓачот, сопственикот на земјиштето и државата.
„Оваков настан се случува еднаш во животот“, напишал тој.
Приказната предизвика бројни реакции, а еден корисник коментирал: „Тој е првиот човек кој по толку векови ги допрел овие предмети“.
Друг додал: „Археолозите цел живот трагаат, а никогаш не наоѓаат нешто толку драгоцено“.
Стручњаците истакнуваат дека ваквите артефакти значително придонесуваат за разбирањето на минатото. Но, најголемата вредност е нивниот придонес кон историското и културното наследство.
Забава
Герасимовски: Викендов прв Street Food Picnic под отворено небо во Паркот на франкофонијата

Општина Центар информира дека од 19 до 21 септември во Паркот на Франкофонија ќе се одржи првото издание на Street Food Picnic под отворено небо.
Првото издание на Street Food Picnic има за цел да ја збогати културната и забавната понуда на Општина Центар, обединувајќи ја вкусната улична храна, музиката и забавата во едно големо дружење на отворено.
Во рамки на тридневниот фестивал, посетителите ќе имаат можност да уживаат во десет штандови со разновидна улична храна, креативни работилници за деца, посебно катче за милениците Pet corner, социјални игри за дружење и смеа, како и богата музичка програма во текот на целиот ден и вечерна забава, велат од општина Центар.