Македонија
Мицкоски за опожареното возило на Груби: Јавноста треба да знае дали постои или не постои скриен имот
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, при денешната средба со Стопанската комора на северозападна Македонија на прашањето како ги коментира контадикторните податоци за сопственоста за опожареното возило, кое се поврзува со Артан Груби, посочи дека според него станува збор за некаква политичка пресметка.
„Тоа го проследив во медуимите, можам да кажам дека секој ваков криминален чин треба детаљно да се истражи и сторителите како и за сите други криминални чинови треба да одговараат за стореното, без разлика чие возило е тоа, без разлика дали се однесува на опожарено возило или друг тип криминал, претпоставувам во случајот станува збор за некаква криминална пресметка“, рече тој.
Мицкоски во врска со целиот овој случај потенцира дека целиот случај треба детаљно да се истражи, сторителите да одговараат за сторено и дека јавноста има право да знае дали постои или не постои скриен имот.
„Но, она што исто така во јавноста беше познато е што излезе во суштина дека возилото не било во сопственост на господинот што го споменавме, туку било во сопственост на некое дурго правно лице, кое во минатото се поврзува со некои други бизнис-активности. Така што јас ги повикувам органите детаљно да го истражат овој случај, се разбира сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата, но исто така и поврзаноста на лицето што го споменавте со компанијата, која е сопственост на ова возило, очекувам најбргу што може да биде истражено и расчистено пред јавноста бидејќи не смееме да оставаме таков вид мистерии зад нас, особено бидејќи сме политичари кои вршиме јавна дејност и јавноста има право да знае дали навистина постои скриен имот или не постои скриен имот“, додаде Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

