Македонија
Спасивме четири животи и испишавме историја во македонското здравство: Меџити во посета на државната Кардиохирургија
Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити, денес ја посети Клиниката за државна кардиохирургија, каде што е хоспитализиран пациентот кој пред пет дена доби нова шанса за живот по извршената трансплантација на срце.
Четириесетгодишниот пациент од Скопје, во чии гради сега чука ново срце благодарение на хуманоста на едно семејство, во моментот се наоѓа во стабилна здравствена состојба.
Министерот Меџити изрази голема благодарност до лекарскиот тим и до семејството на дарителот, кое го препознало органодарителството како највисок акт на хуманост.
„Сведоци сме на еден историски чин во македонското здравство, првпат од еден донор беа експлантирани четири органи и четири пациенти добија шанса за поквалитетен живот. Сите пациенти во моментот се стабилни и сакам да изразам огромна благодарност како до хуманото семејство на дарителот така и до сите здравствени работници. Нашите здравствени работници се големи професионалци, кои безрезервно се заложија и успеаја да спасат четири животи“, истакна министерот Меџити.
Министерот Меџити потенцира дека се гордее на овој значаен успех во македонското здравство и на сите пациенти им посака брзо и лесно закрепнување. Мeџити ги охрабри здравствените работници да продолжат посветено да работат и да се борат за квалитетен живот за секој пациент.
„Свеста за органодарителството расте и сè повеќе семејства се одлучуваат да ги донираат органите на своите блиски во време на голема тага кога губат свој близок. Овие луѓе ја заслужуваат нашата најголема почит“, истакна министерот Меџити.
Од 2020 година досега имало вкупно 19 донори на органи, а од нив се трансплантирани 34 бубрези, три црни дроба, направена e 21 експлантација на коскени ткива и извршена е трансплантација на девет срца, со што е направен значаен напредок во здравствениот систем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.

