Македонија
МТСП: Продолжуваат да важат мерките и препораките за заштита на граѓаните од високите температури
Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавците, негувателите и воспитувачите во градинките, вработените во центрите за социјална работа и во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови што следуваат во согласност со акцискиот план на Министерство за здравство за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението.
„Продолжуваат да важат мерките и препораките за деновите: 26.7.2023 година (среда) и 27.7.2023 година (четврток).
Општите мерки што треба да се почитуваат се следниве:
Ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лицата на возраст над 60 години;
Во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот;
Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да им даваат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници;
Со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик за здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област“, велат од МТСП.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика апелира на зголемени контроли од страна на надлежниот Државен инспекторат за труд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Денеска без струја делови од Аеродром, Сопиште и Зелениково
Поради планирани прекини во електро снабдувањето денеска, без електрична енергија ќе бидат следните корисници:
– Во период од 09.00 до 15.00 часот дел од корисниците во Тоар, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино, Пакошево. (општина Зелениково)
– Во период од 09.00 до 12.00 часот дел од корисниците од село Горно Соње (кај црквата) (општина Сопиште).
– Во период од 09.00 до 14.00 часот во Поликлиника Јане Сандански (општина Аеродром)
Македонија
Времен прекин на вода за жителите на улицата Васил Стефановски 16 во Скопје
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, изветсуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул. Васил Стефановски 16, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности, информираат надлежните.
Македонија
Променливо облачно време со сончеви периоди
Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 20 степени.
Во деновите од викендот ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со услови за слаб локален дожд. Потоа следува период на стабилно и тивко време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла.