Македонија
(Видео) Стоилковски: Од кој датум Груби има одобрение за управување туѓо возило „ауди А6“
Според портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, Артан Груби и институциите должат одговор: Од кој датум Артан Груби има одобрение за управување туѓо моторно возило во земјата и странство?
Ова, како што вели Стоилковски, е многу важно да се одговори затоа што ќе даде одговор или насока за одговор на многу други веќе отворени прашања.
Според него, многу се важни следните датуми:
„На 15 август 2022 година ‘Еуроком лајтинг’ на комшијата на Груби го купува хотелот на Шапка за 55.000 евра.
На 24 август 2022 година, девет дена потоа, ‘Еуроком лајтинг’ на комшијата на Груби, регистрира ‘ауди А6’, автомобил со поголема цена од платената за хотелот на Шапка“.
Артан Груби јасно порача дека немал потреба да купува приватно возило, 24 часа на располагање имал службено возило, дека комшијата на приватно располагање му дал автомобил од над 55.000 евра на старо, на кој необјаснето до сега е инсталирана полициска светлечка сигнализација – флешери, а некој го запалил автомобилот затоа што, како што вели Груби, сакал да го спречи да работи за доброто на Македонија!?
Ова е уште една во низата навреди од Артан Груби за интелигенцијата на народот, но и е уште еден еклатантен доказ дека Артан Груби ужива во неказнивост заштитен од институциите“, посочува Стоилковски.
Појаснува дека луксузното возило „ауди А6 3.0“, произведено 2021 година, во Македонија е регистрирано 2022 година. Сегашната вредност, како што вели, на вакво возило е над 55.000 евра.
„Сопственикот на автомобилот на хартија е 35-годишен бизнисмен со фирма ‘Еуроком лајтинг’, што го купува хотелот на Попова Шапка од ‘Гранит’ за 55.000 евра. Според фактите изнесени во медиумите, фирмата ‘Еуроком лајтинг’ три години работи со загуба и од пет, останува само со еден вработен во 2021 година. ‘Гранит’, пак, продавачот на хотелот, лани добива втор милионски тендер како единствен понудувач за автопатот до Блаце од Државни патишта, раководено од ДУИ, само неколку дена по солемнизација на купопродажниот договор за хотелот“, додава портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.
Оценува дека многу е важно Груби и институциите да обелоденат: од кој точен датум Артан Груби има одобрение за управување туѓо моторно возило во Македонија и во странство?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница
Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат од СДСМ.
„Помина една недела од објавата на големиот картелски скандал со 5 тони дрога, запленета во соседна Србија која дошла од Македонија. Сè уште нема одговор како 5 тони дрога поминале преку македонската граница? Кој ќе одговара за овој картелски скандал и кој од власта е вмешан? Бидејќи на сите им е јасно, без поддршка на структури во власта, МВР, Царина, невозможно е 5 тони дрога да се шверцуваат преку граница. СДСМ со денови алармира за поврзаноста на криминални структури во Македонија и во Србија. Власта молчи, исто како што молчи за сликите на Мицкоски со криминалецот Симе. Сега граѓаните гледаат медиумска кампања со заплени на канабис и обиди на власта да дефокусира од главното прашање: кој дозволи 5 тони дрогата да помине преку граница?“, велат од СДСМ.
Од таму велат дека законскиот основ за производство на медицински канабис во Македонија го направиле ВМРО и Никола Груевски со измени на Законот на 9 ти февруари 2016 година.
„Првата лиценца за одгледување медицински канабис во Македонија била издадена во февруари 2017 во време на ВМРО. Производството на канабис почнало во мај 2017. Доколку само поради нивната медиумска кампања и сензационализам, се запленуваат и легални количини државата може да се случи на кај државата да плаќа и отштета. Затоа ова бркање вештерки по компании е фарса а истото се случува и во Србија. Целата кампања повторно ја прават по рецептот на Вучиќ – сè е copy-paste“, велат од СДСМ.
Македонија
„Да се забрани производство на марихуана за наводни медицински цели“, бара Демократскиот сојуз
Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство на марихуана (Cannabis sativa) за наводни медициски цели.
„Досега, од 2017 година надлежното Министерство за здравство, во соработка со други институции (Мин.за земјоделство, Меѓуресорската комисија и други) издало 61 лиценца на фирми кои можеле да произведуваат марихуана за медицински цели.
Повеќе од јасно е дека контролата затаила поради што се случија фингирани кражби, пресметки помеѓу нарко-мафијата, заплени на канабис од полицијата итн., но криминалниот бизнис продолжи, бидејќи нарко-мафијата во која беа вклучени и носители на највисоки државни функции од претходната власт се стекнаа со огромна финансиска моќ и политичко влијание“, велат од ДС.
„Демократски сојуз силно ја поддржува акцијата на МВР за заплена на канабисот и инсистира да постапува неселективно и јавно да бидат објавени сопствениците (формални и неформални) на фирмите кои произведуваат канабис, кој и кога ги издал лиценците за производство на канабис итн.
Министерството за здравство во соработка со другите надлежни институции да објави колку количини на канабис се произведени, каде се тие количини (продадени, на залиха, украдени итн.) и колку профит е остварен.
Запленетите 32 тона канабис (5 во Србија и 27 тони во Македонија), тоа е засега гребење по површината на овој нарко-бизнис кој има тешки последици по здравјето на младите генерации, политичката стабилност, владеење на правото и меѓународниот углед на државата.
Бараме да се прошири одговорноста и кон носителите на функции од надлежните министерства кои издавале лиценци и кои затаиле со контролата на спроведување на законите за да се спречат злоупотребите.
Одземените количини се премногу за Балканот, а не за медицинските потреби на Македонија. Очигледно е дека првобитната хумана цел е злоупотребена и затоа се потребни итни законски промени“, соопштуваат од Демократскиот сојуз.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.

