Македонија
Цело семејство продавало марихуана – дрогата ја чувале во автосервис во Ѓорче

Четиричлено семејство ќе одговара за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Станува бор за тројца мажи и една жена, кои во автосервис во скопската населба Ѓорче Петров, неовластено, заради продажба, држеле 133,72 килограми марихуана, информираа од Обвинителството.
Тие на 2 мај спакувале 99,6 килограми и ги подготвиле за неовластена продажба.
Дрогата во кеси и картонски кутии ја ставиле во автомобил, а остатокот го оставиле во автосервисот.
Истиот ден заеднички организирале пренос на марихуаната движејќи се со три автомобили еден зад друг – прво било возилото со цел да известува за полициски службеници и патроли, во второто била дрогата и третото е за заштита. На издадена полициска наредба да запрат на улицата Скупи, првиот автомобил воопшто не застанал и обвинетиот се дал во бегство. Другите две возила биле веднаш сопрени и при извршен преглед биле пронајдени картонските кутии со дрогата. По извршен претрес во автосервисот била пронајдена и другата марихуана, но исто така биле пронајдени и четири куршуми, кои еден од обвинетите ги држел без дозвола.
По приведувањето, на сите четворица обвинети, по предлог на јавниот обвинител, им беше определена мерка притвор.
Со поднесувањето на обвинителниот акт, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на притворските мерки бидејќи сѐ уште постојат законските основи – опасност од бегство и можност да го повторат делото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја дел од Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Пандил Шишков, Вангел Тодоровски и Руди Чаевец, општина Аеродром.
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта на улицата Шекспирова бб (во близина на Тинекс маркет), општина Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, температурата до 37 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Потоа следи стабилизирање на времето.