Контакт

Култура

Името на Џон Малкович се впишува во богатата историја на Охридско лето, рече министерката за култура

Објавено пред

На големата сцена на Античкиот театар во Охрид, вчеравечер, во рамките на 63. Охридско лето, настапи славниот американски актер Џон Малкович во театарската претстава „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец“.

dobivaj vesti na viber

Брилијантната и долгоочекувана изведба на славниот Малкович предизвика бурни овации и ракоплескање кај публиката и сигурно ќе остане редок настан за паметење, кој понуди магичен амбиент и уникатност збогатувајќи ја реномираната фестивалска историја на Охридско лето.

Во авторство и во режија на Михаел Штурмингер, ова несекојдневно уметничко остварување, музички придружено од сопранистките Чен Реис и Сузан Лангбеј и Оркестарот на Виенската академија, ја спои класичната музика со драмската уметност и актерството.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, ја проследи вчерашната претстава и истакна дека е ова редок спектакл, а впечатоците од сценската изведба кај публиката се незаборавни и тоа очекувано ја потврдува уметничката големина на Малкович преку неговата маестрална глума. Таа упати благодарност до директорката и до тимот на Охридско лето за нивната истрајност и професионализам доследно да одговорат на предизвикот да се биде домаќин на една од најголемите и најславни светски ѕвезди.

Пред почетокот на ова психолошка театарска драма пред публиката се обрати директорката на оваа културна институција, Наташа Поповиќ, која рече дека Охридско лето е поттик секоја следна година да биде поголемо и позначајно, да се дополнува и да се надградува со нови креативни соѕвездија, кои го обележуваат местото на фестивалот како најпрестижна уметничка сцена, но и како препознатлив уметнички симбол насекаде во светот. Поповиќ упати благодарност до Амбасадата на САД во Република Северна Македонија, до Министерството за култура и до сите помагатели на фестивалот за исклучителната можност да уживаат во проектот со светски познатиот актер Џон Малкович.

Заменик-амбасадорот на САД, Ерик Мејер, рече дека една од најважните движечки сили на меѓусебната врска на САД и Северна Македонија е живата улога на културата, која ги збогатува нашите заеднички цели.

„Би сакал да ѝ се заблагодарам на директорката Наташа Поповиќ и да ѝ честитам за прекрасниот фестивал годинава. Ви благодарам за честа и можноста што ми ја дадовте да најавам голема симбиоза на два многу важни културни ентитета овде во Охрид. Од една страна, овој неверојатен Антички театар, во кој се наоѓаме, сцената на Охридско лето, една од најважните културни знаменитости во Северна Македонија. И од друга, американската мегаѕвезда и културна икона, господинот Џон Малкович. Негувањето и зацврстувањето на врските меѓу нашите народи се неопходни за работата што ја вршиме во американската амбасада, всушност овие врски се толку важни што ги сметаме за столбови на стратегискиот дијалог меѓу САД и Северна Македонија, заедно со регионалната соработка, одбраната и безбедноста, спроведувањето на законите, трговијата, инвестициите и енергијата“, истакна Мејер.

Култура

(Фото) Сиљановска-Давкова ги прими уметниците кои утревечер ќе го отворат „Охридско лето“

Објавено пред

Денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во вилата „Билјана“ во Охрид ги прими уметниците коишто со својот настап утревечер ќе го отворат 65. издание на фестивалот „Охридско лето“: американската пијанистка Клер Хуангчи и диригентот Едвин Аутвотер, како и танчерите Клаудија Ракел Да Силва Мартинс и Рафаел Португуеса, предводени од директорот на фестивалот, Ѓорѓи Цуцковски, во придружба на селекторите Симона Ѓорчева и Ненад Витанов.

dobivaj vesti na viber

Претставниците на фестивалот ја информираа претседателката за програмата на 65. Охридско лето, предочувајќи ја нејзината разновидност и квалитет.

„Охридско лето веќе шест и пол децении ги обединува музиката, театарот и уметноста“, рече претседателката и додаде дека „секој изведувач испишува уникатна приказна во историјата на фестивалот“.

Гостите од Соединетите Американски Држави и од Португалија, освен благодарност за поканата да учествуваат на овој реномиран настан, искажаа и воодушевување од убавините на Охрид.

Прикажи повеќе...

Култура

На 16 јули почнува 16. издание на балканскиот етнофјужн-фестивал „Локум-фест – музика и традиција 2025“

Објавено пред

Од

Идната недела од 16 -19 јули во Битола ќе се одржи 19 – то издание на Балканскот етно-фјужн фестивал „Локум фест-музика и традиција“ 2025 .

dobivaj vesti na viber

Да потсетиме дека Локум фест е автентичен културен фестивал кој во континуитет се случува од 2007-та година кога го имаше своето прво поставување во срцето на старата битолска чаршија со настап на „Баклава“ „Калдрама“, „Стринг форсес“ „Монистра“… Од тога до денес настапиле над 110 групи , и тоа најрелевантните од Македонија како: Монистра, Баклава, Љубојна, Чалгија саудн систем, Сваровски бенд, Јаков дренковски, Тони Китановски и Черкези, Влатко Стефановски трио , Стевче Стојковски, Даутовски дуо, Вања Лазарова, Зарина прва севда и др., и огромен број на етно и етно фјужн бендови од Данска, Норвешка, Финска, Индија, САД, Бразил, Унгарија, Полска и сите балкански земји итн.

Уште од самиот почеток фестивалот има јасна програмска одредница која континуирано ја следи до денес, а се базира на презентација на традиционални , пред се градски фоклорни изведби и ансамбли, но и стилизиран фоклор до etno-fusion & word music, како и презентирање на раритети од семејните архиви на битолчани како дел од заедничкото култуно наследство и промовирање на културно историски локации и објекти како сценски простор, што годинава е и слоган на фестивалот. „Наследството како сцена“.

Инспирацијата за Локум фест доаѓа од живото културно наследство на некогашна конзулска Битола, која била важен воено-економски центар и цивилизациска крстосница, дом на бројни етноси и амалгам на култури, каде се вкрстувале византиската, ориенталната , сефардската и европската култура. Сето тоа резултираше со неверојатно богатство на музички влијанија, обичаи, архитектура и др. Локум фест е фестивал кој повикува на средба, помеѓу културите и еден дух. Истовремено е атрактивен за туристи од земјата и странство и веќе со години промовира културен туризам као дел од локалната и национална туристичка понуда. Локум фест е член на Most music, Without borders, EFFA, и други регионални и европски фестивалски асоцијации.

За прв пат паралелно со Битола, Локум фест се случува и во Скопје. Во соработка со Public room на 18.07.2025 Г. таму ќе настапат грчката група Reggetiko project и русите VEDAN KOLOD, под мотото „Однадвор кон центарот“. Ова е редок пример на културна дисперзија од крајниот југозапад на државата кон центарот и ги најавува амбициите за следната година кога се одбележува 20 години Локум фест, а фестивалот ќе се дисперзира на неколку автентични локации во Македонија и регионот.

„Фестивалот е една од ретките манифестации која доследно се држи до јавниот карактер и е не се приклонува кон естрадизација на културата. Се одржува на јавни простори без наплата на средства и е проект од национално значење финансиран од Министерство за култура и туризам и Општина Битола, а се одржува во рамките на Бит фест 2025“, велат организаторите.

Прикажи повеќе...

Култура

Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима својот осми филм, „Збогум, Копакабано“

Објавено пред

Од

Македонскиот режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима својот осми филм, „Збогум, Копакабано“ (работен наслов „Биста“). Од тимот на Манчевски велат дека реализацијата на овој проект била незаконски забранета речиси три години.

dobivaj vesti na viber

Како и во сите филмови на Манчевски и тука, покрај емотивниот уметнички аспект (темата на сестринска љубов), се истражуваат и општествено релевантни теми – самотија, сиромаштија, корупција, ментални болести, општество засновано на привилегии на богатите. Иако се случува во современа Македонија, филмот содржи и универзален коментар, размислување за тоа како луѓето живеат и се поврзуваат во современиот свет.

„Збогум, Копакабано“ е социјална трилер-комедија за брат и сестра што крадат бисти низ Скопје.

Мотото на филмот е: „Брат, сестра и шахта“.

„Иако доби поддршка на конкурсот на Агенцијата за филм во 2022 година како проект од национален интерес, „Збогум, Копакабано“ речиси 3 години беше одмазднички блокиран од филмската мафија затоа што Манчевски пријави корупција во Агенцијата, а неговите наводи беа потврдени од државните и невладини антикорупциски институции. Ова беше почеток на долготрајниот прогон кон Манчевски, кој како високопрофилен укажувач на дело се бори против корупцијата. Тој за оваа борба доби поддршка и од Венецијанскиот филмски фестивал, од двете здруженија на филмски работници на Италија, од Коалицијата за поддршка на укажувачи на Југоисточна Европа, од Филм индастри воч и од Транспаренси интернешнл. На крајот, две правосилни судски пресуди ги потврдија наводите на Манчевски дека се местени конкурси во Агенцијата за филм и дека „Збогум, Копакабано“ е блокиран незаконски. Потоа и Агенцијата потпиша договор за снимање на филмот“, велат од тимот на Манчевски.

„Ова е филм за сестринска љубов и саможртва, за богати и сиромашни, за добри и лоши, за слепи и окати. Филм за тоа како живееме, како се смееме и како умираме“, вели Манчевски. Тој додава: „Со оваа екипа и со овие глумци се чувствувам како со вистински рамноправни партнери во создавање парче уметност, нешто што ќе остане и што ќе се памети“.

Освен Агенцијата за филм, филмот го помогнаа и националните филмски фондови и приватни инвеститори од Бугарија, Србија, Албанија, Италија и Англија.

Филмот ќе се снима со меѓународна екипа на локации низ и околу Скопје.

Главните улоги ги играат: Сара Климоска, Филип Трајковиќ, Соња Михајлова, Петар Мирчевски, Јордан Симонов, Дејан Лилиќ, Јасмина Василева, Стефан Николовски, како и Калина Наумовска, Ана Костовска, Иван Ѓошевски, Виктор Арсов, Марина Поп Панкова, Сара Панковска, Александар Степанулески и Марин Гавриловски.

Дејвид Манс од Велика Британија е дизајнер на продукција. Директор на фотографија е искусниот Стефано Фаливене од Италија. Кастинг директорка на филмот е Милка Анчевска, костимите се на Жаклина Крстевска, шминката на Бистра Кечиџиева. Продуцент на филмот е Јане Ќортошев.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија49 минути

Обезбедување од МВР ќе ја чува Данела Арсовска 24 часа

Министерството за внатрешни работи информира дека по вчерашниот инцидент во Општина Чаир, врз основа на оперативни сознанија и безбедносна проценка...

Македонија54 минути

ОЈО сомничи двајца за насилство врз градоначалничката Арсовска

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело „насилство“. Првоосомничениот вчера се заканувал и физички ја...

Македонија3 часа

ФЗО ќе покрива шест, наместо досегашните три ин витра за семејствата кои се обидуваат да имаат потомство

Вкупно шест наместо три обиди за биомедицинско потпомогнато оплодување (БПО) ќе бидат овозможени на товор на Фондот за здравствено осигурување...

Македонија4 часа

Пожарникарите се бореа со огнови на 38 места во државава, 30 се изгаснати

Во текот на изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 38 пожари од кои три активни, пет ставени под контрола и 30...

Македонија7 часа

Во Кочани нема да има концерт за Петровден, Крстевски го откажа на барање на родителите на загинатите деца во „Пулс“

Откажан е музичко забавниот дел од програмата за одбележување на Петровден, празникот на градот Кочани. Ваква одлука вчера донесе в.д....

Македонија18 часа

„Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи на социјалните мрежи, по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска. „Она што ѝ...

Македонија18 часа

(Видео) Арсовска објави снимка од нападот: Јас го напаѓам него или тој мене?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави снимка од денешниот напад врз неа, на социјалните мрежи. Во објавата на социјалните...

Македонија19 часа

(Видео) „Тошковски ако се плашиш бе момче дај си оставка“: Арсовска обвини дека МВР функционира во одбрана на криминалци

Градоначалничката Данела Арсовска се огласи преку социјалните мрежи, откако излезе од полициската станица, по денешниот напад врз неа. „Штотуку излеговме...

Македонија19 часа

Шест часа од бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, а од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сè уште нема ни збор за осуда, вели Филипче

Претседателот на Социјалдемократкиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, повика на итна одговорност и поведување постапка против насилниците кои денеска брутално...

Македонија20 часа

„Истрага за полициските службеници што не го спречиле нападот врз градоначалничката Арсовска“, бара Хелсиншкиот комитет

Хелсиншкиот комитет за човекови права најостро го осудува физичкиот и вербалниот напад врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, што...

Македонија22 часа

(Видео) СДСМ со осуда за нападот на Арсовска: Тоа е срам за државата и порака до сите граѓани дека ако зборуваат за криминал и неправда, ќе бидат замолчени со сила

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, најостро го осудува нападот врз официјални лица од Градот Скопје. Овој брутален напад е последица на...

Македонија23 часа

Aрсовска нападната во Чаир додека извршувала работни задачи: побарала лекарска помош

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, денеска е физички нападната при извршување работни задачи во Чаир. Кон неа биле упатени...

Македонија24 часа

Сторителот од Батинци е идентификуван, но е во бегство, соопшти ОЈО

Дежурен јавен обвинител извршил увид на местото на настанот во Батинци, каде што денеска се случил трагичен инцидент. Од Обвинителството...

Регион1 ден

Мицкоски треба да најде начин да се извини, вели бугарскиот премиер

Наративот и изразувањето на премиерот Христијан Мицкоски ќе им го оставам на оние што го познаваат Езоп. Република Македонија мора...

Македонија1 ден

Припадник на Армијата загина во трагичен настан во Батинци: Mинистерството за одбрана го потврди случајот

Од Министерството за одбрана информираат дека лицето со иницијали А. М. од скопското село Батинци, кое било нивен припадник, е...

Регион1 ден

Фон дер Лајен: ЕУ знае дека е одговорна за неуспехот да се спречи геноцидот во Сребреница

Европската унија никогаш нема да заборави што се случи во Сребреница пред 30 години, ја признава својата одговорност за неуспехот...

Економија1 ден

Поставен камен-темелник на новата фабрика на „Чагатај кабло“, инвестиција вредна 6 милиони евра

Поставен е камен-темелник на новата фабрика на „Чагатај кабло“, инвестиција вредна 6 милиони евра и 200 нови работни места, изјави...

Топ1 ден

Детали за драмата на пазарот во Битола: го избол со нож по расправија за тезга

Полицијата објави детали за настанот на пазар во Битола во кој едно лице со кујнски нож избоде продавач на тезга...

Македонија1 ден

Пожари во Чучер Сандево, Прилеп, Македонски Брод, Дојран, Тетово – тестиран системот за масовно известување

До утрово, во земјава се евидентирани вкупно 38 пожари на отворен простор. Од нив, седум се активни, четири се ставени...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот

Бугарија е разобличена пред Европа и светот, се потврди уште една неправда кон Македонија дека не станува збор за Бугарите...