Македонија
Мицкоски: Силно верувам во 44 пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и тие се гарант дека ваквите уставни измени нема да поминат
Јас не би ги коментирал оние пратеници кои што ја поддржуваат владата на ДУИ поддржана од СДСМ, бидејќи таму нејасни се ставовите. Денеска едно зборуваат, утре друго прават. Да таква е позицијата на тој пратеник кој што вие го споменавте, го прочитав тоа и јас од социјалните медиуми, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запрашан од новинарите за коментар за пратеникот од турската партија од власта, Инес Ибрахим кој пред некој ден изјави дека нема да гласа за уставните измени.
Додаде дека на луѓе, односно пратеници, кои што поддржуваат една таква влада, не им верува и дека единствено се потпира и верува на зборот даден од 44 пратеници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ кои нема да прифатат бугарски диктат и нема да гласаат за промена на македонскиот устав.
Мицкоски додаде дека од ВМРО-ДПМНЕ, како идна влада, подготвени се да седнат и да разговараат за промена на околностите, кои денес се ставени на маса.
„Јас многу не се потпирам на тие луѓе, бидејќи за да поддржуваш една ваква влада многу зборот и образот не ти значи во животот. Јас верувам и за мене е она важно на оние 44 пратеника кои што доаѓаат од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и знам дека тие сигурно нема да гласаат под овие околности и нема да прифатат бугарски диктат. А ние, како идна влада, сме подготвени да седнеме и да разговараме да видиме како можеме заеднички да ги промениме тие околности кои што денеска се на маса. Така што, да сумирам, луѓето кои што шест години ја поддржуваат оваа влада, мислам дека одамна заборавиле што значи чест и образ и многу, многу не очекувам од нив во овој процес. Но, затоа пак, силно се потпирам, силно верувам на зборот на 44 пратеници од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и тие се единствениот гарант дека овие уставни измени, вака како што ги замислила владата на ДУИ, поддржана од помалиот партнер СДСМ, нема да поминат“, рече Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

