Економија
Синдикатот на ЕСМ во интензивни преговори за покачување на платите на вработените
По основ на растот на животните трошоци, кои се објавени од Државниот завод за статистика, синдикатот на АД ЕСМ работи заедно со Управниот одбор на АД ЕСМ за дополнително зголемување на платата на сите вработени, велат од оваа институција.
„Разговорите со Управниот одбор сѐ уште се во тек и се очекува зголемување на платата на сите вработени до крајот на оваа година. Како и изминатите година, и оваа се поднесе барање за исплата за регрес за годишен одмор за 2023 година во висина од 100 % и тоа беше реализирано, на секој вработен во АД ЕСМ му беше исплатен регрес за годишен одмор во висина од 100 % во согласност со Законот за работните односи“, информираат од ЕСМ.
Иако преговорите за покачување на платите сѐ уште се во тек, сепак, како што велат, во согласност со досегашните разговори укажуваат дека набргу ќе се постигне договор, кој ќе биде во интерес и за добросостојба на сите вработени.
„Врз основа на програмата на Синдикалната организација на АД ЕСМ, која се спроведува повеќе години, во тесна соработка со Управниот одбор, од една страна, и Синдикатот, од друга, постигнати се следните резултати:
1. Потпишување и почитување на колективните договори на секои две години;
2. Јубилејна награда за 40 години работен стаж;
3. Ладен оброк за вработените, кој беше укинат во минатиот период, без надомест;
4. Отворање работничка менза во РЕК „Битола“ за топол оброк, без надомест,
5. ХТЗ-опрема за вработените во подружницит;
6. Исплата на регрес за годишен одмор во висина од 100 %;
7. Помош од финансиски средства за починат родител за секој вработен;
8. Зголемување на платата во висина од 5 %;
9. Зголемување на платата во висина од 2.350 денари почнувајќи од април 2023 година;
10. Зголемување на платата за вработените со висока стручна спрема почнувајќи од април 2023 година;
11. Превентивни одмори во реномирани хотели за вработени во ЕСМ;
12. Редовна исплата на плата до 7 во месецот;
13. Испратени се подготвени елаборати за признавање бенифициран стаж до Министерство за труд и социјална политика.
АД ЕСМ изминатиот период произведе рекордни MWh електрична енергија во последните 10 години благодарение на максималната ангажираност и професионална работа на сите вработени во компанијата, токму затоа синдикалната организација на АД ЕСМ секогаш ќе стои зад сите вработени и ќе даде максимален ангажман за подобрување на условите и бенефициите на сите вработени“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

