Спорт
Тен Хаг: Ни треба напаѓач

Фудбалерите на Манчестер јунајтед беа поразени од Реал Мадрид ноќта меѓу средата и четвртокот во Хјустон со 2:0.
Иако одиграа добар натпревар, во таборот на Манчестер јунајтед не можат да бидат задоволни од ефикасноста, која беше еден од главните проблеми во изминатата сезона.
Фудбалерите на тимот од „Олд Трафорд“ имаа неколку добри шанси кои не ги претворија во гол, па Ерик тен Хаг повторно беше запрашан до каде стигнале во напорите да доведат напаѓач.
„Апсолутно ни треба напаѓач. Имаше две работи – првата е пресингот што може да биде подобар од самиот почеток, а втората е постигнување голови. Мислам дека ни требаат повеќе играчи кои можат да одат еден на еден и ги имаме. Маркус Рашфорд, Скот Мектомини, Гарначо, сите имаа еден на еден. Мора да дадете гол од тие ситуации“, изјави Холанѓанецот.
Тој не беше подготвен да зборува за тоа кои се целите на клубот кога се во прашање напаѓачите, иако најмногу се зборува за играчот на Аталанта, Расмус Хојлунд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Шкендија го победи Силекс, а Брера во дуел со седум гола славеше против Работнички

Шкендија го совлада Силекс со 2-0 и им го нанесе третиот пораз по ред на кратовци. Во 50. минута, Бесарт Ибраими со прекрасен удар ја погоди мрежата и донесе водство за домаќините, кои подоцна го потврдија триумфот со уште еден погодок во судиското продолжение.
Во друг меч, на арената во Скопје, Работнички и Брера приредија вистински фудбалски спектакл, кој заврши со тесна победа на гостите од Струмица со 3-4. Брера поведе уште во петтата минута преку Кире Михаилов, но Работнички се врати во игра со погодокот на Флоријан Кадриу во 27. минута. Пред крајот на првиот дел, Ричард Нзенгуе реализираше пенал за Брера, а Наумчески со удар со глава зголеми на 1-3.
Во второто полувреме, Работнички доби пенал и Демир Имери намали на 2-3, но Брера веднаш возврати преку Нзенгуе за 2-4. И покрај тоа што Демир Имери постигна уште еден погодок од слободен удар, Работнички не успеа да стигне до реми, па Брера го одбрани триумфот за конечни 3-4.
Спорт
Руди Фелер ќе ја напушти Германија по ЕВРО 2028

Руди Фелер ќе ја напушти функцијата спортски директор на германската фудбалска репрезентација по истекот на сегашниот договор, кој трае до крајот на ЕВРО 2028. Тој ја презеде функцијата по елиминацијата на тимот во групната фаза на Светското првенство во Катар.
„Двапати го продолжував договорот, но по летото 2028 ќе се повлечам“, изјави Руди Фелер за списанието „Штерн“, цитирано од ДПА.
Фелер го освои Светското првенство како играч во 1990 година и го одигра последниот натпревар за националниот тим во поразот со 1-2 од Бугарија во четвртфиналето на Мундијалот 1994 во САД. Тој беше и селектор на Бундестимот на Мундијалот во 2002 година, кој заврши со пораз од Бразил со 0-2 во финалето.
„Можеме да бидеме среќни што го имаме за селектор на репрезентацијата Јулијан Нагелсман. Неговото доведување на ова место беше најдоброто нешто што го направив за федерацијата во последните години“, истакна Фелер.
Спорт
Оскар Пјастри: Подготвен сум за притисокот што го носи трката за титулата во Ф1

Лидерот во Формула 1, Оскар Пjастри, изјави дека е „подготвен“ за притисокот што го носат последните седум трки од сезоната и финалната битка за светската титула.
Пjастри води со 25 поени пред својот тимски колега во Мекларен, Ландо Норис, кој во Баку освои само шест поени, додека Оскар отпадна. Третопласиран е Макс Ферстапен, на 69 поени зад лидерот.
Пјастри истакна дека искуството што го стекнал со освоените титули во Формула 3 и Формула 2 ќе му помогне во неговата прва сезона како кандидат за титулата во Формула 1.
„Кон крајот на сезоната ќе има повеќе притисок, но јас сум подготвен за тоа“, објасни Пиастри. „Сум бил во слична ситуација и порано, во други шампионати, а битката на крајот на сезоната е иста. Подготвен сум за тоа, можам да се потпрам на Марк Вебер, но клучно ќе биде како ќе се справам со притисокот, како ќе возам и како ќе реагирам на сè што ќе следи.Многу е важно што сум дел од добар тим, имам доверба во тимот, во Марк исто така, и не можам да дочекам да видам што ќе се случи“, изјави Оскар Пјастри.