Свет
Проширена кривичната постапка против Доналд Трамп за задржување доверливи документи
Обвинителството ја прошири кривичната постапка против поранешниот американски претседател Доналд Трамп поднесувајќи нови обвиненија против него и против еден од неговите вработени во процесот на неовластено задржување доверливи документи откога тој ја напушти претседателската функција.
Во проширеното обвинение се наведува дека Трамп и неговиот соработник Карлос де Оливеира се обиделе да ги спречат истражителите да ги прегледаат снимките од безбедносните камери од Мар-а-Лаго, одморалиштето на поранешниот американски претседател.
Вкупниот број точки на обвинението е зголемен за три и сега изнесува 40 бидејќи Трамп повторно е обвинет за незаконско задржување доверливи информации поврзани со националната одбрана, објави „Ројтерс“.
Обвинителите соопштија дека поранешниот американски претседател и двајцата вработени, Волт Наута и Карлос де Оливеира, се обвинети дека барале од едно лице да ги избрише снимките од безбедносните камери во Мар-а-Лаго за да го спречат тоа да биде претставено пред федералната голема порота.
Наута се појави на обвинителна клупа покрај Трамп во јуни 2023 година и беше обвинет за помагање на поранешниот претседател да ги измами истражителите кои се обидоа да добијат доверливи документи, кои останаа во сопственост на поранешниот претседател откога тој ја напушти Белата куќа.
Претставниците на претседателската кампања на Трамп рекоа дека обвинувањата против поранешниот претседател претставуваат континуиран очајнички обид на американскиот претседател Џозеф Бајден и Министерството за правда, како што наведоа, да ги вознемируваат Трамп и блиските.
Во своето прво појавување на судот во јуни Трамп се изјасни за невин по сите точки од обвинението што го товари за неовластено задржување доверливи документи.
Информациите за проширувањето на обвинението беа објавени неколку часа откако поранешниот американски претседател откри дека неговите правни застапници се сретнале со претставници на Министерството за правда, кои ги истражувале наводите за обидите на Трамп да го поништи неговиот пораз на претседателските избори во ноември 2020 година.
„Моите адвокати имаа продуктивен состанок со претставници на Министерството за правда, на кој детаљно објаснија дека не сум направил ништо лошо, дека се консултирав со многу адвокати и дека ова обвинение само уште повеќе ќе ја уништи нашата земја“, напиша Трамп на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Горaт облакодери во Хонгконг, има загинати
Најмалку четири лица, меѓу кои и еден пожарникар, загинаа во катастрофален пожар што денеска зафати станбен комплекс во Хонгконг. Властите соопштија дека две лица се во критична состојба, а едно е стабилно, додека се стравува дека уште жители може да бидат заробени во запалените станови, пренесува Би-би-си.
Драматичните снимки од населбата Тај По прикажуваат густ чад и пламен што излегува од неколку кули во станбениот комплекс Ванг Фук Корт.
WATCH LIVE: Fire engulfs a residential building in Hong Kong’s northern Tai Po district https://t.co/rNs1F3CWl4
— CGTN Europe (@CGTNEurope) November 26, 2025
Свет
Италија и официјално го прогласи фемицидот за кривично дело казниво со доживотен затвор
Италијанскиот парламент одобри нов закон со кој и формално се воведува фемицидот во кривичниот законик на земјата казнувајќи го со доживотен затвор.
Гласањето се совпадна со Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, ден одреден од Генералното собрание на ОН.
Поддржан од конзервативната влада на премиерката Џорџија Мелони, законот реагира на низа убиства и друго насилство насочено кон жените во Италија. Исто така, вклучува построги мерки против родово базирани злосторства, како што се следење и порнографија за одмазда.
Случаите со висок профил, како што е убиството на студентката Џулија Чечетин во 2023 година, предизвикаа широко јавно негодување и дебата за причините за насилство врз жените во патријархалната култура на Италија.
„Го удвоивме финансирањето за центри против насилство и засолништа, промовиравме телефонска линија за итни случаи и имплементиравме иновативни активности за образование и подигање на свеста“, рече Мелони.
„Ова се конкретни чекори напред, но нема да застанеме тука. Мора да продолжиме да правиме многу повеќе, секој ден“,додаде таа.
Италијанската агенција за статистика „Истат“ регистрира 106 фемициди во 2024 година, од кои 62 се извршени од партнери или поранешни партнери.
фото: ЕПА
Регион
(Видео) Тепачка во Белград: опозицијата се судри со полицијата
Полицијата повторно ги блокира пратениците од опозицијата, кои се обидуваа да влезат во зградата на парламентот во Белград, па пред зградата избувна стампедо и физичка пресметка.
Пратениците од опозицијата се обидоа да поминат низ таканаречениот чациленд, шаторска населба пред влезот, повикувајќи се на вчерашното ветување на претседателката на парламентот Ана Брнабиќ дека ќе им биде дозволено да го сторат тоа, објавува „Нова.рс“.
Ćacilend upravo pic.twitter.com/XyAbgYkNsn
— Stranka slobode i pravde (@SlobodaIPravda) November 26, 2025
Ескалацијата се случи кога претставниците на Националното движење на Србија, Ѓорѓе Станковиќ, и на Зелено-левичарскиот фронт, Богдан Радовановиќ, се обидоа да го отстранат шаторот поставен на самите скали пред парламентот по што беа нападнати од луѓе од протестниот камп и полицијата.
Ова е втор ден по ред како има инциденти на влезот во парламентот. Вчера, полицијата се судри со претставници на партијата Србија центар (Срце), предводена од Здравко Понош, кои исто така се обидоа да влезат на главниот влез преку т.н. чациленд.
View this post on Instagram
Токму по овој инцидент, пратениците од опозицијата, на средба со претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, побараа оградата околу шаторската населба да се помести за да имаат непречен пристап до своите работни места.
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера на прес-конференција изјави дека ќе има иницијатива во врска со шаторите. Иако не разјасни за што станува збор, неговата изјава сугерира дека кампот набргу би можел да биде отстранет.
фото: принтскрин Икс

