Македонија
Земјоделците од Свети Николе излегоа на протест
Со трактори на улица, земјоделците од Свети Николе денес излегоа на протест.
Како поддржувач, на собирот присутен е и претседателот на Комисијата за земјоделство од ВМРО-ДПМНЕ, Цветан Трипуновски.
„Земјоделците протестираат заради немањето вода за наводнување на околу 1000 хектари земјоделско земјиште во ситуација која браната Калиманци е полна до преливање. Дополнителен причинител за протестот е и тоа што АД Водостопанство ќе им ја зголеми цената на водата за наводнување за над 70 отсто, а водата не стига до земјоделците на полето“, рече Трипуновски.
Според него, ова е само уште еден доказ за негрижата на Владата и Министерството за земјоделство за македонските земјоделци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

