Свет
(Видео) Снимки и фотографии од нападот врз Москва – два дрона паднаа врз деловен простор, повредено едно лице

Руските власти соопштија дека три украински беспилотни летала ја нападнале Москва во раните утрински часови во неделата.
За време на нападот едно лице беше повредено, а сообраќајот беше привремено затворен на еден од четирите аеродроми во руската престолнина.
#Russian officials report a drone attack on #Moscow. One of the towers of the Moscow City complex was damaged. pic.twitter.com/g6yKOkTOuC
— NEXTA (@nexta_tv) July 30, 2023
Ова е четврти обид за напад врз главниот град овој месец и трет оваа недела, што предизвикува загриженост за ранливоста на Москва од напади, бидејќи руската војна во Украина влегува во својот 18-ти месец.
Едно од беспилотните летала беше соборено на периферијата на градот, други два паднаа врз канцелариски комплекс.
Чуварот е повреден, јави руската државна новинска агенција „Тасс“, повикувајќи се на службите за вонредни состојби.
„Вечерва нападнаа украински беспилотни летала. Малку се оштетени фасадите на двете кули на градските канцеларии“ – објави на Телеграм градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
40 ранети во Израел, двајца критично

Вкупно 40 лица побарале медицинска помош по вечерашниот ирански ракетен напад врз Израел, соопштија локалните здравствени служби. Двајца од повредените се во критична состојба.
Најголем број пациенти се лекуваат во болницата Ичилов во Тел Авив – 18 лица.
Според лекарите, пријавените повреди вклучуваат рани од шрапнели, вдишување чад и состојба на шок.
Свет
Израелската војска: Иран истрела помалку од 100 балистички ракети, повеќето ги пресретнавме

Портпаролката на израелската војска, Ефи Дефрин, рече дека помалку од 100 балистички проектили биле истрелани од Иран кон Израел.
Дефрин рече дека „повеќето од ракетите биле пресретнати од воздушната одбрана или паднале пред да стигнат до израелска територија“.
„Регистрирани се ограничен број погодоци на згради, а дел од штетата е предизвикана од фрагменти од пресретнати проектили“, додаде тој.
Според израелските медицински служби, во нападот биле ранети 40 лица.
Свет
Нетанјаху: Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва и порача на јавноста дека можат да ги напуштат засолништата, откако новиот бран ирански ракети прелета над израелска територија.
„Иранскиот режим никогаш не бил послаб. Ова е можност за иранскиот народ да се спротивстави на режимот“, рече Нетанјаху во вечерашното обраќање.
Тој директно им се обрати и на граѓаните на Иран: „Јас сум со вас, израелскиот народ е со вас“, рече тој.
Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац изјави дека Иран „ја преминал црвената линија со лансирање ракети кон израелските цивилни области“ и најави: „Техеран ќе плати висока цена“.
Оваа иранска одмазда следеше по израелските воздушни напади на иранска територија, при што беа погодени нуклеарни постројки и беа убиени високи команданти и научници.