Топ
(Видео) Затвореник на викенд отсуство се шетал со пиштол низ Штип

Затвореник од Кочани, кој бил осуден на 18 години затворска казна, користел викенд отсуство и се шетал со пиштол и куршуми.
Полицијата го привела на булеварот Гоце Делчев во Штип со автоматски пиштол „шкорпион“ и 21 куршуми калибар 7.65 милиметри.
Како што објавија од МВР, се работи за 51-годишен кочанчанец со иницијали В.И..
„Лицето во моментот издржува казна затвор во траење од вкупно 18 години во КПУ Куманово, а користел викенд отсуство“, велат од МВР.
Најавуваат дека за случајот ќе биде поднесена кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Пожарот кај Вардариште е ставен под контрола, ЦУК извести дека нема активни пожари

Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска на територија на државата регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор, од нив нема ниту еден активен, под контрола се ставени пет, додека 13 пожари се изгаснати.
Под контролан се пожарите кај Општина Долнени, с.Долгаец – с.Стровија (нискостеблеста вегетација); Општина Гази Баба, Депонија Вардариште (ѓубре); Општина Гевгелија на планината Кожуф (приземен пожар); Општина Македонски Брод, Повеќенаменско подрачје Јасен (мешана шума); Општина Липково, с.Никуштак (мешана шума), соопшти ЦУК во извештајот.
Македонија
Георгиев до ЕУ: Не е можно да се промени договорениот европски консензус, очекуваме РСМ да ги исполни своите обврски

Не е можно да се промени договорениот европски консензус или која било од неговите компоненти. Бугарија очекува соседната земја да ги исполни своите обврски со добра волја. Oва го напишал бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев во писмо до своите европски колеги.
Бугарија изразила растечка загриженост за, како што се наведува во писмото, континуираниот неуспех на Република Северна Македонија да ги исполни своите обврски кон Европската Унија.
Во своето писмо, како што пренесува „Бгнес“, министерот Георгиев ги информира своите колеги од земјите членки на Европската Унија, како и од европските институции, дека Македонија наводно се обидува да компромитира важни елементи од европскиот консензус.
„Пакет-договорот одобрен во јули 2022 година на европско ниво останува единствениот можен пат напред за оваа земја кандидат за ЕУ. За жал, наместо конструктивен дијалог и добрососедски односи, забележуваме политика на конфронтација, провокации и повлекување од преземените обврски, вклучително и целно оспорување на клучните договори пред Уставниот суд во Скопјe“, се вели во писмото.
Како што се додава, Бугарија останува на ставот дека најдоброто решение за иднината на Западен Балкан е учеството на сите држави во овој најуспешен проект наречен Европска Унија.
Топ
Германец фатен со дрога на Табановце: во неговото возило пронајдени пакувања со марихуана

Вчера вечер во 20:25 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 46-годишниот О.С. од Сојузна Република Германија.
При гранични проверки и контрола во возилото кое го управувал биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.