Спорт
МЗТ ги промовираше првите странски засилувања

МЗТ Скопје го договори првите две интернационални засилувања во пресрет на новата сезона.
Станува збор за Хрватот роден во БиХ, Марко Баковиќ (30 год, 203 см), кој најчесто игра на позицијата „четири“ и талентираниот српски центар, Душан Танасковиќ (22 год, 208 см). Двајцата се добро познати на стручњаците од овие простори, имаат искуство со настап во јадранските натпреварувања и од нив се очекува да бидат вистински бедем под кошевите.
Баковиќ одигра 22 натпревари за Цибона во минатиот шампионат во АБА, меѓу кои и првиот од двата меѓусебни дуели против македонскиот првак, а во Скопје доаѓа по 13 средби во дресот на шпанскиот второлигаш Леида.
Танасковиќ, пак, потекнува од младинската школа на Партизан, по што настапувал за српските прволигаши Младост Земун и Дунав, додека минатата сезона беше дел од АБА2-лигашот Борац Бања Лука, во чиј дрес имаше просек од 14,2 поени и 6,1 скок.
Српски-хрватскиот тандем со ова им се приклучи на браќата Дамјан и Војдан Стојановски, Андреј Андоноски, Марко Миловановиќ и Марин Петков, за кои веќе објавивме дека ќе го носат плаво-белиот дрес во следната сезона и тоа предводени од тренерот Васко Атанасов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Навивачи на Шкендија наместо молк за жртвите од Кочани, пееја и исвиркуваа

Натпреварот меѓу Шкендија и АП Брера од Струмица го одбележа недолична сцена на почетокот на мечот кога домашните навивачи решија наместо да ја испочитуваат предвидената минута молчење во чест на фудбалерот Андреј Лазаров и останатите жртви од трагедијата која се случи во Кочани, пееја, скандираа и исвиркуваа, со што предизвикаа голем револт во целата држава.
Поради нечовечкиот однос на навивачите на Шкендија кои за време на минута молк за жртвите од Кочани пееја песна за УЧК, тетовскиот клуб може да добие голема казна од 4 до 12 натпревари без присуство или суспензија на теренот, односно играње надвор од Тетово, како и парична казна од 5.000 евра. Фудбалската федерација на Македонија веројатно ќе отвори дисциплинска постапка поради овој потег, а одговорноста паѓа на сметка на ФК Шкендија.
Спорт
(Видео) Тренер тргна да се пресмета со судијата, доби нокаут со еден удар

Неверојатна ситуација во Перу – судија со удар во глава нокаутираше тренер.
Инцидентот се случи во 82. минута од натпреварот од Купот на Перу помеѓу Спорт Хуакила и Магдалена де Седеко, при водство на домашните со 2:1.
Еден од членовите на гостинскиот стручен штаб се втурна кон судијата Луис Алегре со пластично шише во рацете, но неговиот ентузијастички испад брзо беше прекинат.
• Durante la Copa Perú, el árbitro Luis Alegre iba a expulsar a un jugador del club que iba perdiendo, cuando entró un miembro técnico con botella en mano y le propinó una patada además pic.twitter.com/DgCD1FcuOS
— ☩ 𝓒𝓻𝓾𝔁 𝓥𝓲𝓷𝓬𝓲𝓽 ✠
(@CruxVincit) March 31, 2025
Неименуваниот поединец стана видно дезориентиран на земја по неколку моменти. Фудбалерите на Магдалена го опколија и го тргнаа од центарот на вниманието, за да го спасат од поголеми последици.
Полицијата поради немилите сцени била принудена да интервенира, а играта била прекината до понатамошно известување.
На почетокот на февруари, натпревар од врвот во Аргентина беше прекинат откако линиски играч беше удрен со столб од публика.
Спорт
Незабележан интерес во Дортмунд за гостувањето на Барселона

Огромен е интересот кај навивачите на Борусија Дортмунд за четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Барселона.
Првиот меч е закажан за среда, на 9. април, во Барселона, а реваншот е шест дена подоцна на стадионот „Сигнал Идуна Парк“.
Клубот од Дортмунд објави дека досега присмил повеќе од 300.000 барања за билети, но на многумина тоа задоволство ќе им биде одбиено.
Капацитетот на стадионот на Борусија Дортмунд е 81.365 гледачи, што значи дека лесно би можеле да распродадат четири стадиони.
Борусија најави дека поради огромниот интерес билетите ќе ги дели преку ждрепка.
За потсетување, минатата сезона Дортмунд играше во финалето на Лигата на шампионите и загуби на „Вембли“ од Реал Мадрид (2:0).