Македонија
Коњите што угинаа во Зоолошката градина се ретки и скапи, дали угинале од труење или третман ќе покаже обдукцијата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/359038916_6589156184440047_4115794032109767593_n.jpg)
Двата коња кои вчера угинаа во скопската Зоолошка градина се од видот Пржевалскиев коњ, што важи за многу ретка и скапа раса која што потекнува од Монголија.
Коњите во скопската Зоолошка градина биле донесени од Национален парк од Австрија, а до неодамна важеле за изумрен вид во дивината и нивната вредност е голема.
Скопје ги загуби. МВР претходно денес ја објави жалната вест дека два од овие коњи угинале.
Смртта на животните во полицијата ја пријавил вработен во ЗОО Скопје, кој се сомневал дека биле отруени. Сепак, се’ уште нема официјална потврда за причините за смртта, а ќе биде познато по обукцијата на животните.
Неофицијално, денес угинал уште еден коњ, дознава „Макфакс“.
Од МВР велат дека се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Возачот не е повреден а заглавениот камион е извлечен, соопшти ЦУК
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/policija-2.jpg)
Возачот на камионот не е повреден и нема никакви посериозни штети направено на камионот, информира ЦУК откако претходно беше објавено дека преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК била добиена пријава за камион што се заглавил меѓу паднати дрвја кај ресторанот „Јавор“ на патот помеѓу Росоман и Прилеп.
„Конкретно, заглавениот камион на патот кај Росоман кон Прилеп, на место викано „Камен Дол“ близу кај ресторанот „Јавор“ е извлечен од страна на ТППЕ Кавадарци со екипа од три пожарникари и две ПП возила. Камионот бил заглавен и во кал со предните две тркала“, велат надлежните.
Македонија
ЦУК: Заробен возач во заглавен камион на патот меѓу Росоман и Прилеп
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2021/06/85020985.jpg)
Преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за камион што се заглавил меѓу паднати дрвја кај ресторанот „Јавор“ на патот помеѓу Росоман и Прилеп.
„Пријавителот побара интервенција на ТППЕ Кавадарци, бидејќи според него, како очевидец кажува дека возачот на камионот е заробен во камионот. Инаку, јавувачот беше известен дека ТППЕ Кавадарци имаат екипа подолу од нивната локација и дека веднаш ќе се упатат на местото.
Регионалниот ЦУК Велес го следи случајот и извести дека екипа од ТППЕ со 1 ПП возило и 2 пожарникари веќе се упатени на местото на настанот и кога ќе завршат со интервенцијата, дополнително ќе не известат“, информира Центарот за управување со кризи.
Македонија
ЦУК: Падна карпа на булеварот „Никола Карев“ после влезот на касарната „Илинден“, во Скопје
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Screenshot-2024-06-27-214830.jpg)
Преку единственствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК била добиена пријава за падната карпа на булеварот „Никола Карев“ после влезот на Касарна „Илинден“, во Скопје.
„Регионалниот ЦУК Скопје известува дека веднаш ги информирале надлежните од Град Скопје за итниот случај, по што ќе превземе мерки Градот преку своите служби“, соопштија од центарот.