Свет
Талибанците почнаа да палат музички инструменти: „Музиката го уништи општеството“
Талибанската верска полиција запали голем број музички инструменти во западната провинција Херат, објави вчера авганистанската државна новинска агенција „Бахтар“.
Шеикот Азиз ал-Рахман ал-Мухаџир, провинциски шеф на Министерството за промоција на доблести и сузбивање на пороците, рече дека музиката довела до „погрешно насочување на младите и уништување на општеството“.
Талибанците ја забранија нерелигиозната музика последен пат кога владееја со земјата во 90-тите. Објавените фотографии покажуваат дека службениците се собрале околу оган со музички инструменти, вклучувајќи гитари, хармоника и звучници. Авганистан има силна музичка традиција под влијание на иранската и индиската класична музика, пишува ДВ.
Многу музичари ја напуштија земјата
Исто така, има просперитетна поп-музичка сцена, која ги спојува електронските инструменти и денс-ритовите со потрадиционалните ритми. Растот на таа сцена се случи во изминатите 20 години пред талибанците да дојдат на власт во 2021 година.
Талибанците воведоа остри мерки по преземањето на контролата врз Авганистан во август 2021 година по повлекувањето на силите на САД и НАТО.
Учениците и наставниците во авганистанскиот Национален институт за музика, некогаш познат по својата инклузивност, не се вратија на часовите откога талибанците ја презедоа власта. Многу музичари исто така побегнаа од земјата. Талибанците ветија поумерено владеење од она од нивниот претходен мандат на власт во 90-тите.
Тие најавија затворање на козметичките салони
Тие ветија дека ќе ги овозможат правата на жените и на малцинствата. Наместо тоа, тие повторно воведоа остри мерки во согласност со нивното строго толкување на исламскиот закон или шеријатот. Спроведоа јавни егзекуции, го забранија образованието на девојчињата по шесто одделение и исто така им забранија на жените од повеќето форми на вработување.
Претходно оваа недела, талибанците најавија дека сите козметички салони треба да бидат затворени затоа што нудат услуги забранети со исламот и предизвикуваат економски тешкотии на семејствата на младоженците за време на свадбените веселби.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебето кое исчезна од породилиштето во Виена е пронајдено мртво во корпа за ѓубре, уапсена мајката
Бебето кое исчезна вчера од болница во Виена утрово е пронајдено мртво во корпа за отпадоци во близина на болницата, пишуваат австриските медиуми.
Како што соопштија истражителите, доенчето било завиткано во најлонска кеса, а мајката (29) на еднонеделното бебе е уапсена.
Вчера медицинската сестра забележала дека бебето не е во собата, а не била ниту мајката, па била повикана полиција која веднаш почнала интензивна потрага.
Ги проверувале сите автомобили, дури и ранците на велосипедистите, а во потрагата учествувале и кучиња трагачи. Во текот на вечерта мајката била сослушана во полиција. Што им кажала се’ уште не е познато.
Сослушан е и наводниот татко на детето, чие татковство мајката не сакала да го признае, велат од полицијата. Тој не е осомничен за кривичното дело.
Свет
Министерство за одбрана на Русија: Сите бојни глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта
Руското Министерство за одбрана соопшти дека сите бојни глави на балистичката ракета со среден дострел „Орешник“ стигнале до украинскиот воено-индустриски комплекс во Днепро (поранешен Днепропетровск).
„На 21 ноември 2024 година, како одговор на употребата на американско и британско оружје со долг дострел против објекти на територијата на Руската Федерација, вооружените сили извршија комбиниран напад врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс. Нападот беше успешно искористен со ненуклеарна хиперсонична опрема“, се наведува во соопштението.
Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот вечерта објави дека Украина употребила западно оружје со долг дострел против руската држава поради што регионалниот конфликт доби елементи на глобален.
Тој исто така рече дека еден од најновите руски ракетни системи со среден дострел, балистичката ракета „Орешник“, бил тестиран во борбени услови.
Свет
Песков: Русија покажа способност да одговори на акциите на Западот
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија покажала способност да одговори на акциите на Западот со употреба на балистички ракети и оцени дека американската администрација во заминување продолжува да го следи патот на ескалација на конфликтот во Украина.
„Гледаме дека администрацијата во заминување на американскиот претседател Џозеф Бајден претпочита да оди понатаму по патот на ескалацијата и тоа го прави со прилично непромислена ескалација“, им рече Песков на новинарите.
Според неговите зборови, рускиот претседател Владимир Путин бил и останува отворен за контакти во врска со решавањето на украинскиот конфликт и транзицијата кон мирен пат.