Контакт

Свет

Инженер украл опрема вредна 90.000 долари – Пентагон почна истрага во американската воздухопловна база

Објавено пред

Пентагон почна истрага за 17 објекти на американските воздухопловни сили по извештаите дека 48-годишен инженер во воздухопловната база „Арнолд“ во Тенеси однел дома разни владини радиотехнологии во вредност од речиси 90.000 долари, објави Форбс.

dobivaj vesti na viber

Агентите за спроведување на законот го претресоа неговиот дом, каде што открија дека тој имал „неовластен администраторски пристап“ до радиокомуникациската технологија што ја користи Командата за воздушно образование и обука (AETC) – една од деветте главни команди на воздухопловните сили.

Истражувачите пронајдоа и отворен компјутерски екран, кој покажа дека инженерот користел софтвер за програмирање радио, „Моторола“. Според налогот, софтверот „го содржел целиот комуникациски систем на воздухопловната база „Арнолд“ (ААФБ), објави „Форбс“.

Покрај тоа, инженерот имал во своја сопственост и УСБ, во кое имало „административни лозинки и електронски системски клучеви“ за радиомрежата AETC.

Други запленети предмети вклучуваа флеш-драјвови, кои содржеа „програмски датотеки за локални органи за спроведување на законот“ и „програмски датотеки на радио на ‘Моторола’“, кои имаа предупредувачка етикета, што укажува дека се владина сопственост.

Во налогот исто така се наведува дека сведоците и соработниците ги информирале инспекторите дека инженерот наводно „продавал радија и радиоопрема, работел чудни часови, бил арогантен, често лажел, покажувал несоодветно однесување на работното место и сексуално вознемирување, имал финансиски проблеми.

Се додава дека тој двапати бил пријавен од колега за „индикации за закана од внатре“, како и за неовластено поседување опрема на воздухопловните сили, според истражителите.

Инспекторите исто така објавија дека пронашле докази, кои укажуваат дека претресениот изведувач имал можен пристап до комуникациите на ФБИ, како и до државните агенции на Тенеси, објави „Форбс“. ФБИ работи со воздухопловните сили на истрагата, соопшти агенцијата.

Името на инженерот сè уште не е објавено бидејќи тој не е обвинет или прогласен за виновен.

Сепак, медиумот објави дека според неговата страница на LinkedIn, тој има голема историја во сајбер-безбедноста и радиокомуникациите.

„Тој тврди дека извршил многубројни безбедносни тестови во воздухопловната база Арнолд, ја подобрил заштитата на радиокомуникациите на локацијата и знаел за шифрирањето, што се користи за владините податоци“, објави „Форбс“.

Извештајот на „Форбс“ доаѓа само три месеци по едно од најлошите истекувања на американското разузнавање во последната деценија. Во тој случај 21-годишниот Џек Тешеира, тогашен чувар на воздухопловната национална гарда, беше уапсен под сомнение дека му открил стотици документи на Пентагон.

 

Свет

(Видео) Ние сме во состојба на борбена готовност, Западот ризикува глобален конфликт: Путин од Црвениот плоштад по повод Денот на победата

Објавено пред

Во денешниот говор од Црвениот плоштад рускиот претседател Владимир Путин го обвини Западот дека ризикува глобален конфликт и рече дека никој нема да смее да ѝ се заканува на најголемата нуклеарна сила во светот додека Русија ја одбележува победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна.

dobivaj vesti na viber

Додека руските трупи напредуваат против украинските сили поддржани од Западот, Путин ги обвини арогантните западни елити дека заборавиле на одлучувачката улога на Советскиот Сојуз во поразот на нацистичка Германија и поттикнувањето конфликти во светот, пишува „Гардијан“.

„Знаеме до што водат таквите амбиции. Русија ќе направи сѐ за да спречи глобален конфликт“, рече Путин.

„Но, во исто време нема да дозволиме никој да ни се заканува. Нашите стратешки сили се секогаш во состојба на борбена готовност“.

Прикажи повеќе...

Свет

Харази: Не планиравме да направиме нуклеарна бомба, но ако опстанокот на Иран е загрозен, нема да имаме друг избор

Објавено пред

Иран ќе мора да ја промени својата нуклеарна доктрина доколку Израел му се закани, изјави советникот на врховниот лидер на Иран, Камал Харази, предизвикувајќи загриженост за иранското нуклеарно оружје.

dobivaj vesti na viber

„Не планиравме да направиме нуклеарна бомба, но ако опстанокот на Иран е загрозен, нема да имаме друг избор, освен да ја промениме нашата воена доктрина“, рече Харази, објави иранската Студентска вести мрежа додавајќи дека Техеран веќе објавил дека има потенцијал да се направи такво оружје.

Врховниот водач на Иран, Али Хамнеи, го забрани развојот на нуклеарно оружје со фатва на почетокот на 2000-тите повторувајќи ја својата позиција во 2019 година кога изјави дека „изградбата и складирањето нуклеарни бомби е погрешно, а нивната употреба е религиски забранета.

Но, во 2021 година тогашниот ирански министер за разузнавање рече дека притисокот на Западот може да го принуди Техеран да работи на нуклеарно оружје.

„Во случај ционистичкиот режим (Израел) да ги нападне нашите нуклеарни постројки, ние повеќе нема да се двоумиме“, додаде Харази.

Во април Иран и Израел достигнаа историски максимум, при што Техеран директно лансира речиси 300 проектили и беспилотни летала кон Израел како одмазда за непотврдениот израелски напад врз комплексот на иранската амбасада во Дамаск, кој резултира со жртви. Иран ги развива своите нуклеарни постројки во последните години тврдејќи дека тие служат чисто цивилни цели.

По долготрајните преговори поради загриженоста дека Техеран би можел да развие нуклеарно оружје, Иран потпиша нуклеарен договор во 2015 година, со кој драстично се ограничува збогатувањето со ураниум и ја овластува Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да врши строги инспекции.

Оттогаш САД се повлекоа од договорот во 2018 година за време на тогашниот претседател Доналд Трамп, а Техеран почна да збогатува со ураниум.

Неодамна, поранешните водечки ирански политичари навестија дека земјата сега е технички способна да произведува нуклеарно оружје.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ до Силјановска-Давкова: Уверен сум дека ќе продолжиме да работиме на зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ ѝ ја честита победата на Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг од претседателските избори во Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

„Ѝ честитам на Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор за претседател на Северна Македонија и ѝ посакувам успешно да ја извршува одговорната должност што ја презема. Уверен сум дека ќе продолжиме да работиме заедно за зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија, со цел напредок и благосостојба на нашите народи, како и просперитет на целиот регион“, изјави Вучиќ на платформата „Икс“.

„Многу ми значат вашите честитки“, му одговори Силјановска-Давкова на Вучиќ по упатената честитка.

„Вашите искрени честитки ми значат многу, претседателе Вучиќ. Очекувам дека ќе продолжиме да работиме на подобрување на одличните македонско-српски односи. Ви благодарам многу, претседателе Вучиќ“!, напиша таа во својот одговор на социјалната мрежа X.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Силјановска-Давкова го победи Пендаровски со разлика од 308.632 гласа, разликата што тој ја направи во 2019 година беше 58.210 гласа

Според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК), во вториот круг од седмите претседателски избори во земјата Гордана Силјановска-Давкова освои...

Македонија2 часа

Македонија првпат доби жена претседател – која е Гордана Силјановска-Давкова и за што се залага

Првпат во Македонија во претседателската фотелја седнува жена откога Гордана Силјановска-Давкова, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, го победи досегашниот претседател Стево Пендаровски...

Македонија3 часа

ЗНАМ доби уште еден мандат и има вкупно шест, а ВМРО-ДПМНЕ се намали за еден и има 58 мандати, ДИК објави нови пресметки

Според последните објавени резултати на ДИК, по преброени 99,6 отсто од гласовите во избирачките места, ВМРО-ДПМНЕ освои 58 мандати во...

Македонија4 часа

„Очекувам тесна соработка за европската иднина на земјата“, евроамбасадорот Гир за изборната победа на Силјановска-Давкова

Амбасадорот на Европската Унија во нашата земја Дејвид Гир, утрово на Х и ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова на...

Македонија5 часа

Уште едена оставка од потпретседателската функција во СДСМ: Перо Костадинов се повлекува од функцијата по изборниот пораз

По Фатмир Битиќи и Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ. „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните...

Македонија5 часа

Реков дека сум доктор и дека на крајот ги давам лековите: Таравари ѝ препиша терапија на ДУИ

Откако на првичните изборни резултати освоија 13 мандати, коалицијата „Вреди“ славеше а Арбен Таравари на Фејсбук испрати порака до ДУИ....

Македонија5 часа

Мојата оставка ќе биде целосно ефективна кога тоа ќе го сторат и моите другари од раководството на партијата – од првиот до последниот: Битиќи поднесе оставка од функцијата потпретседател на СДСМ

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи со видео обраќање преку својот Фејсбук профил соопшти дека поднесува оставка од функцијата потпретседател...

Македонија5 часа

По поразот на изборите, претседателката на ДОМ поднесе оставка

Претседателката на ДОМ, Маја Морачанин преку Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа функција во партијата, по поразот на нивната...

Македонија13 часа

ДИК: ВМРО-ДПМНЕ освои 59 мандати, СДСМ 19, Европски фронт 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5 мандати

Државната изборна комисија ги објави првичните резултати за парламентарните избори, а бројките ги потврдија пресметките на партиските штабови. „На ниво...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски: Се им се удри од глава и на крај се избојкотираа самите себеси, време е ДУИ да одат заедно со СДСМ во опозиција

„Успеавме, успеавме. Победи Македонија, историска победа на народот“, кажа вечерва на прес-конференција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Криминалот, корупцијата, неспособноста,...

Македонија15 часа

Димитриевски: ЗНАМ вечерва испиша историја

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски и посака успешен мандат на Гордана Силјановска Давкова. „Да ја води Македонија во правилна насока,...

Македонија15 часа

(Видео) Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Тврдам дека, од овој момент, ќе се однесувам како претседателка на сите граѓани, на сите етнички групи, партии, оние кои...

Македонија15 часа

(Видео) Ковачевски му честита на Мицкоски: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на прес-конференција ја честита победата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот претседател Христијан Мицкоски и изборот...

Македонија16 часа

(Видео) Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски на прес-конференција вечерва кажа дека резултатите се јасни и им честита на победниците. „Резултатите се...

Македонија16 часа

Првични резултати од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ 36,98 отсто, СДСМ 12,51 отсто

Според досега пребројаните гласови, објавени на страната на Државната изборна комисија, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 137.077 гласови, односно 36,98 отсто, наспроти...

Македонија17 часа

Силјановска има повеќе од двојна предност пред Пендаровски, покажуваат првичните резултати на ДИК

Кандидатката за претседателка, Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојно водство пред Стево Пендаровски од СДСМ, покажуваат првичните резултати...

Македонија17 часа

Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник, кажа Меџити

Претседателот на Демократското движење и носител на листа на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити на вечерашната...

Македонија18 часа

Муцунски: ДУИ оди во опозиција, бојкотот не им успеа, цензусот е исполнет

Повикот на ДУИ за бојкот не успеа, а денот ги извади на виделина игрите на власта. ДУИ посакува криза и...

Македонија18 часа

(Видео) Кузеска за скриениот бојкот во некои општини: Како настапи секоја партија на изборите, треба да одговори пред себе и пред граѓаните

Денеска имавме мирен, достоинствен и успешен изборен ден, изборите беа фер и демократски, како што доликува на земја членка на...

Македонија18 часа

(Видео) Џафери не го поддржа бојкотот на Артан Груби: Граѓаните ќе одлучат која политичка опција е најдобра за нив и за државата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го оствари своето гласачко право во родното Форино и гласаше...