Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Министрите од ДУИ да ги активираат оставките и да одиме на избори
Убаво е што ДУИ почна да се подготвува за падот на оваа влада. Оставките кои ги поднесоа нека ги активираат и да се оди на брзи избори за народот да се отараси од ова криминална и корумпирана власт, порача опозициската ВМРО-ДПМНЕ по условените оставки од страна на ДУИ.
Од партијата велат дека времето во опозиција и на СДС и на ДУИ добро ќе им дојде да се реформираат и да си подготват добра одбрана кога ќе одговараат за криминалите кои ги направија во овие години.
„Народот воопшто не е потресен доколку некој министер од оваа влада си поднесува оставка, туку напротив тоа го гледа како меѓу чекор до конечен пад на оваа власт. Изборите се единствениот излез од ќорсокакот во кој ја доведоа Македонија.
Ги охрабруваме министрите, посебно овие од ДУИ кои депонираа оставки, да се охрабрат уште малку и да ги активираат. Убаво ќе биде да се соочат со народот поскоро и да видат што мисли тој за нивната работа“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски-Дрекслер: Заложбите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се евроинтеграциите, забрзан економски развој и борбата против криминалот и корупцијата
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски, оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер.
На средбата претседателот Мицкоски ги презентираше заложбите кои ВМРО-ДПМНЕ како идна влада ќе ги има, а тоа се евроинтеграциите, забрзан економски развој и борбата против криминалот и корупцијата.
„Потребно е Македонија да се стави на брза трака кон ЕУ, но и засилено да се забрза економскиот развој и да се подобри животниот стандард на граѓаните. Борбата против криминалот и корупцијата се клучни, бидејќи владата на СДС и ДУИ ја деградираше државата по сите основи, а најмногу на тоа поле. ВМРО-ДПМНЕ ќе работи за сите граѓани на државата, а не како до сега СДС и ДУИ“, рече Мицкоски.
Македонија
Шверцувале мигранти од Босна и Херцеговина во Хрватска: на цариниците им плаќале по 1.500 евра
По спроведена истрага, УСКОК поднесе обвинение пред судот во Осиек против групата, во која беа вклучени двајца царински службеници, осомничени за шверцување најмалку 47 турски мигранти во најмалку пет наврати и шверцување разновидна комерцијална стока преку граница.
Инспекторите се сомневаат дека првообвинетиот, со засега непознати лица од БиХ, се договорил и за пари организирал континуирано нелегално префрлање поголем број странски државјани од БиХ во Хрватска преку граничните премини во Гуња, Топушка и други места.
За нивниот пикап и превоз преку граница за цена од 1.500 евра од превоз организаторот на групата во договор со еден од осомничените царински службеници го ангажирал четвртопријавениот, кој ги превезувал мигрантите скриени во багажникот на возилото. Потоа ги предал на непознати лица за понатаму да ги вози до договорените дестинации во Хрватска и другите земји од Европската Унија.
Македонија
Маричиќ – Бомгартнер: Поддршката од Франција за евроинтеграцијата на државата е цврста заложба за продолжување на процесот
Првиот заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, се сретна со амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер, и со новата француска експертка за ЕУ-интеграции, Миа Матковиќ.
„Евроинтеграцијата е основа за стабилен и социоекономски развој на државата. Почнатите процеси во преговорите со ЕУ треба да продолжат да ја исполнуваат стратешката цел за полноправно членство, имплементација на планот за раст на Европската комисија со големи придобивки за сите граѓани на државата, регионот и Европа“.
На средбата присутните се согласија дека продолжува француската поддршка за Северна Македонија на патот кон ЕУ потврдувајќи ја посветеноста на Франција за ЕУ интеграција на земјите од Западен Балкан.
Средбата имаше цел да ја претстави новата француска експертка за ЕУ-интеграции, која се приклучи на Секретаријатот за европски прашања во април.