Економија
Народната банка придонесува за јакнење на отпорноста на банките: средба со економскиот тим на Амбасадата на САД
Пандемијата и периодот по неа донесоа многубројни предизвици, но банкарскиот сектор ја задржа и дополнително ја зајакна стабилноста во работењето. Во согласност со најновите податоци ликвидноста на банките е на задоволително ниво, солвентноста бележи подобрување и е највисока во последните шеснаесетина години, а квалитетот на кредитното портфолио се задржа со ниска стапка на нефункционални кредити. Ова беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, и вицегувернерите Ана Митреска и Фадил Бајрами, со новиот шеф за економски прашања во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во земјата, Дејвид Мајерс, и Јордан Дамчевски, виш економист во Амбасадата.
„Значаен придонес во ова имаше Народната банка преку успешно спроведување на регулативната рамка и носење политики и макропрудентни мерки, со кои системски и постојано ја јакнеше отпорноста на банките. За натамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот систем на ризиците во период од една година, Народната банка трипати интервенира кај стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот. Исто така, донесе и други макопрудентни мерки за одржување на квалитетот на кредитокорисниците“, велат од Народната банка.
На средбата стана збор и за новиот закон за решавање банки – системско решение за натамошно јакнење на финансиската стабилност. Во согласност со законот, Народната банка ќе стане надлежен орган за решавање банки, а целта е да се обезбеди брзо и ефикасно дејствување доколку некоја банка се соочи со сериозни проблеми со задржување на нејзините функции, кои се сметаат за особено значајни за економијата и избегнување значително негативно влијание врз финансиската стабилност. Со предлог-законското решение се спроведува новата европска директива за закрепнување и разрешување на проблемите со кредитните институции и инвестициските фирми, со што се потврдуваат постојаните напори за усогласување со највисоките меѓународни стандарди.
На крајот на средбата беше потврдена традиционалната добра соработка и од страна на присутните беше изразена заложба за нејзино продолжување и продлабочување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

