Свет
Јужна Кореја размислува да ја забрани продажбата на кучешко месо
Потрошувачката на кучешко месо е вековна практика на Корејскиот Полуостров. Јадењето кучешко месо не е конкретно забрането или легализирано во Јужна Кореја, но сѐ повеќе луѓе се залагаат за забрана.
Се зголемува јавната свест за правата на животните и загриженоста за меѓународниот имиџ на Јужна Кореја. Кампањата против кучешкото месо доби голем поттик неодамна кога првата дама на земјата изрази поддршка за забраната и двајца пратеници воведоа нацрт-закони за ставање крај на трговијата со кучешко месо.
„Странците мислат дека Јужна Кореја е културна моќ. Но, колку повеќе нашата култура ја зајакнува својата меѓународна репутација, толку странците се шокирани за нашето јадњее кучешко месо“, рече Хан Јеунгае, опозициски пратеник, кој минатиот месец поднесе предлог-закон за забрана на индустрија за кучешко месо.
За законодавство против кучешко месо, против се фармерите, сопствениците на ресторани и други вклучени во индустријата за кучешко месо. Анкетите покажуваат дека секој трет Јужнокорејец се противи на таквата забрана, пишува „Асошиетед прес“. Кучињата се јадат и во Кина, Виетнам, Индонезија, Северна Кореја и во некои африкански земји, вклучувајќи ги Гана, Камерун, Конго и Нигерија.
На почетокот на овој месец индонезиските власти објавија крај на колењето кучиња и мачки на пазар за животни на островот Сулавеси по долгогодишна кампања на локални активисти и светски познати личности. Екстремниот пазар Томохон ќе стане првиот таков пазар во Индонезија, на кој нема месо од кучиња и мачки, соопшти организацијата за борба против суровоста кон животните Humane Society International.
Индустријата за кучешко месо во Јужна Кореја добива поголемо меѓународно внимание поради нејзината репутација како богата, ултрамодерна демократија. Исто така, таа е единствената нација со индустриски фарми за кучиња. Повеќето фарми во Јужна Кореја имаат повеќе од 500 кучиња, според здружението на одгледувачи на кучиња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Горaт облакодери во Хонгконг, има загинати
Најмалку четири лица, меѓу кои и еден пожарникар, загинаа во катастрофален пожар што денеска зафати станбен комплекс во Хонгконг. Властите соопштија дека две лица се во критична состојба, а едно е стабилно, додека се стравува дека уште жители може да бидат заробени во запалените станови, пренесува Би-би-си.
Драматичните снимки од населбата Тај По прикажуваат густ чад и пламен што излегува од неколку кули во станбениот комплекс Ванг Фук Корт.
WATCH LIVE: Fire engulfs a residential building in Hong Kong’s northern Tai Po district https://t.co/rNs1F3CWl4
— CGTN Europe (@CGTNEurope) November 26, 2025
Свет
Италија и официјално го прогласи фемицидот за кривично дело казниво со доживотен затвор
Италијанскиот парламент одобри нов закон со кој и формално се воведува фемицидот во кривичниот законик на земјата казнувајќи го со доживотен затвор.
Гласањето се совпадна со Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените, ден одреден од Генералното собрание на ОН.
Поддржан од конзервативната влада на премиерката Џорџија Мелони, законот реагира на низа убиства и друго насилство насочено кон жените во Италија. Исто така, вклучува построги мерки против родово базирани злосторства, како што се следење и порнографија за одмазда.
Случаите со висок профил, како што е убиството на студентката Џулија Чечетин во 2023 година, предизвикаа широко јавно негодување и дебата за причините за насилство врз жените во патријархалната култура на Италија.
„Го удвоивме финансирањето за центри против насилство и засолништа, промовиравме телефонска линија за итни случаи и имплементиравме иновативни активности за образование и подигање на свеста“, рече Мелони.
„Ова се конкретни чекори напред, но нема да застанеме тука. Мора да продолжиме да правиме многу повеќе, секој ден“,додаде таа.
Италијанската агенција за статистика „Истат“ регистрира 106 фемициди во 2024 година, од кои 62 се извршени од партнери или поранешни партнери.
фото: ЕПА
Регион
(Видео) Тепачка во Белград: опозицијата се судри со полицијата
Полицијата повторно ги блокира пратениците од опозицијата, кои се обидуваа да влезат во зградата на парламентот во Белград, па пред зградата избувна стампедо и физичка пресметка.
Пратениците од опозицијата се обидоа да поминат низ таканаречениот чациленд, шаторска населба пред влезот, повикувајќи се на вчерашното ветување на претседателката на парламентот Ана Брнабиќ дека ќе им биде дозволено да го сторат тоа, објавува „Нова.рс“.
Ćacilend upravo pic.twitter.com/XyAbgYkNsn
— Stranka slobode i pravde (@SlobodaIPravda) November 26, 2025
Ескалацијата се случи кога претставниците на Националното движење на Србија, Ѓорѓе Станковиќ, и на Зелено-левичарскиот фронт, Богдан Радовановиќ, се обидоа да го отстранат шаторот поставен на самите скали пред парламентот по што беа нападнати од луѓе од протестниот камп и полицијата.
Ова е втор ден по ред како има инциденти на влезот во парламентот. Вчера, полицијата се судри со претставници на партијата Србија центар (Срце), предводена од Здравко Понош, кои исто така се обидоа да влезат на главниот влез преку т.н. чациленд.
View this post on Instagram
Токму по овој инцидент, пратениците од опозицијата, на средба со претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, побараа оградата околу шаторската населба да се помести за да имаат непречен пристап до своите работни места.
Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера на прес-конференција изјави дека ќе има иницијатива во врска со шаторите. Иако не разјасни за што станува збор, неговата изјава сугерира дека кампот набргу би можел да биде отстранет.
фото: принтскрин Икс

