Македонија
Стоилковски: ДУИ поднесува оставки за фолирање, ама од криминал не се откажува
ДУИ поднесува оставки за фолирање, ама од криминал не се откажува, па прашуваме колку коли за комшиите на Груби може да се купат со парите кои неговото министерство ги доделило на Арбериа дизајн, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Тој ова го истакна, одговарајќи на новинарско прашање во врска со новите 100 илјади евра од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците со кое раководи вицепремиерот, Артан Груби за организирање на прославата на годишнината од Охридскиот рамковен договор, како и на Денот на албанската азбука.
„ДУИ поднесуваат оставки за фолирање, ама од криминалот не се откажуваат. Омилената агенција на Артан Груби е наградена со нови 100.000 евра од буџетот. Лани во агенцијата завршиле над 3 милиони евра. Па прашуваме: Колку коли за комшиите на Артан Груби може да се купат за тие пари? Ова е доказ дека оставките се фолирање со кое што не можат да го покријат криминалот“, потенцираше Стоилковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Има интерес од доктори што работат во приватните да се вратат во јавните здравствени установи, рече Таравари
Има интерес од доктори што работат во приватните клиники да се вратат во државните, истакна министерот за здравство, Арбен Таравари, на денешната прес-конференција по повод 100 дена нова Влада.
„Имаше забрана од тогашната влада од јули или авуст 2022 година да не може од приватните да преминат во јавните здравствени установи. Пред три недели помина на Влада да се тргне таа забрана и сега подготвуваме правилник во Министерството за здравство. Не може сите доктори, туку само оние што се специјалисти, како фармацевти, стоматолози, анестезиолози, радиолози, но само доколку директорот на клиниката ни каже дека има потреба од тие кадри, а тие се докажани и во одреден период заминале и сега гледаат надеж во јавното здравство и сакаат да се вратат. Само кај мене се јавиле 10-ина доктори колеги, кои се врвни стручњаци во нашата држава и полека почнуваме да ги враќаме“, посочи министертот Таравари.
Според него, ова е навистина добар чекор и се надева дека в година ќе се продолжи со враќање на докторите во државните здравствени установи.
Таравари додаде и дека унапредувањето на здравствената заштита на сите граѓани било главен приоритет во изминатите 100 дена.
„За таа цел, заедно со нашиот тим во континуитет сме посветени да им излеземе во пресрет на потребите на пациентите и на сите фактори во здравствениот систем во Македонија. Позитивната листа мислам е најглавната работа што ја реализиравме. Се работи за 9 нови генерички лека, односно вкупно 87 лека во разни пакувања. Реализиравме заштеда со укинување на економските директори. По нормална процедура ја поминавме во Владата претходно, потоа и во парламентот и сега на сите клиники и во сите болници што имаат над 1.000 вработени практично имаме по еден директор“, рече министерот Таравари.
Македонија
Денеска, во Прилеп, знамињата истакнати на половина копје и прогласен ден на жалост поради трагичната смрт на трите медицински лица
Денешниот ден, петок, 4 октомври, е ден на жалост во Прилеп поради трагичната смрт на трите медицински лица, кои вчера изутринава загинаа во тешка сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Битола. Во несреќата загинаа: радиологот примариус д-р Александар Ристески, гинекологот Никола Василески и Фанче Јованоска, радиолошки технолог.
Советот на Општина Прилеп одлуката ја донесе синоќа на вонредна седница.
Денеска, знамињата во општината се истакнати на половина копје, а сите културни и спортски манифестации се одложуваат за следниот ден.
„Прилеп и Македонија загубија врвни лекари специјалисти, еминетни и почитувани луѓе, посветени и одговорни граѓани, кои спасувале илјадници човечки животи и им помагале на многу луѓе со својата специјалност, но ги загубија животите патувајќи токму на своите работни места во Битола за да им помогнат на други луѓе. Прилеп вечно ќе се сеќава на прим. д-р Александар Ристески, спец. радиолог, д-р Никола Василески, гинеколог и Фанче Јованоска, радиолошки технолог, кои ќе бидат вечна наша тага и непребол“, рече прилепскиот градоначалник Борче Јовчески по донесувањето на одлуката на Советот за денешниот ден, петок, 4 октомври, да биде ден на жалост во Прилеп.
Македонија
„Филипче и по цена на животот на граѓаните не се откажуваше од тендерите, така во модуларната во Тетово изгореа 14 граѓани“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„За да одиме напред, мора да имаме информации за минатото, поточно што ни остави владата на СДС. Актуелниот претседател на СДС, Венко Филипче за време на неговото министерување освен грижа за местење тендери немаше ништо за граѓаните, никакви подобрување на здравството“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и првиот човек на компанијата Брако, Кочо Анѓушев ги игнорираа ни помалку ни повеќе обвинувањата и укажувањата дека се виновни за пожарот во тетовската модуларна болница каде живи изгореа 14 луѓе.
Филипче не одговори за начинот на кој е спроведен контроверзниот тендерот или не одговори зошто е спроведуван за набавка на парчиња, а не цел објект со што биле заобиколени протоколите за безбедност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.