Спорт
Хамилтон: Да го имав болидот на Перез Макс немаше толку лесно да победува

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон тврди дека доколку тој го возел болидот на Серхио Перез, борбата со Макс Ферстапен за светската титула би била многу потешка и понеизвесна.
„РБ19“ е најмоќниот болид оваа сезона во Формула 1. Ред Бул победи на секоја трка во сезоната (10 победи за Макс и две за Перез).
Во последните трки Ферстапен беше недостижен за своите ривали, но Чеко имаше и неколку грешки во квалификациите, па пред Белгија беше далеку зад клупскиот колега во генералниот пласман и покра тоа што го задржа второто место.
Макс сега има 125 поени предност пред Перез, а Хамилтон објасни дека доколку тој го возел болидот на мексиканскиот ас битката за титулата би била сосема поинаква.
„Невозможно е да се победи Ред Бул во моментов, освен ако не се откажат“, призна Луис.
„По круг тие се побрзи за 0,8 секунди, па дури и цела секунда од кој било друг. Тоа е реалноста. Не можам да сторам ништо околу тоа. Дали сакам да бидам брз како Макс или Чеко? Секако. Дали сакам автомобил како нивниот? Секако. Да бев во болидот на Серхио, на Макс немаше да му биде лесно како што е сега. Но, не е така во животот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Анчелоти ќе го продолжи договорот со Бразил до 2030 година

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти е подготвен да потпише нов и продолжен договор со Бразил до 2030 година, водeјќи ја селекцијата во уште еден циклус за Светското првенство. Ова ја покажува големата доверба што Бразилската федерација ја има кон Анчелоти, откако долго време се обидуваа да го убедат да ја прифати функцијата.
Според весникот „О’Глобо“, планот е да се обезбеди присуство на поранешниот тренер на Реал Мадрид, без разлика на резултатите на Светското првенство во САД, Мексико и Канада во 2026 година.
Анчелоти неколку пати изјави дека тој и семејството се задоволни со улогата што ја има и дека би бил подготвен да прифати подолг договор.
Досегашниот негов ефект на клупата на „Селесао“ е три победи, еден пораз (0-1) од Боливија и едно реми (0-0) со Еквадор.
Анчелоти останува единствениот тренер во историјата што освоил петте најсилни европски првенства, Серија А, Ла Лига, Премиер Лига, Бундеслига и Лига 1.
Спорт
Проблем за Ливерпул, Конате е повреден

По завршувањето на оваа репрезентативна пауза следува многу важен дел од првенствата. Англиската Премиер лига како најпребирлива бара голем број играчи за секој тим.
Ливерпул, како шампион, ќе биде сериозно ослабен ако Ибрахима Конате не може да им помогне на соиграчите. Тој се врати од репрезентативните обврски и нема да патува со Франција на Исланд. Причина е повредата што ја доби уште на натпреварот против Челси.
Сега останува прашањето дали ќе биде во тимот на Ливерпул за следниот меч против Манчестер јунајтед.
Спорт
Џерард одбил да седне на клупата на Глазгов Ренџерс

Стивен Џерард се повлече од трката за нов менаџер на Глазгов Ренџерс, јавуваат британските медиуми.
45-годишниот поранешен истакнат англиски фудбалски репрезентативец беше главен фаворит да го замени отпуштениот Расел Мартин, но по конструктивни разговори со раководството на клубот, одлучил дека моментот не е соодветен за враќање на „Ајброкс“.
Според информациите, разговорите поминале во позитивна атмосфера и двете страни се договориле да „ја остават вратата отворена“ за иднината.
Мартин беше отпуштен минатиот викенд, по само четири месеци на клупата. Под негово водство, Ренџерс има само една победа во првите седум кола од шкотската Премиер лига. За Ренџерс настапува македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.
Џерард, кој во јануари ја напушти клупата на саудискиот Ал-Етифак, е вистински херој за навивачите на Ренџерс. Тој ја предводеше екипата до шампионската титула во сезоната 2020/21, единствената освоена по финансискиот колапс на клубот во 2012 година.